НЗС

25.12.2013 10:40
НЗС

Некои не можат ништо, некои не можат сè.
Некои немаат ништо, некои немаат сè.
Некои не сакаат ништо, некои не сакаат сè.

Една девојка, многу убава, се шеташе и налета и на едните и на другите. Имаше големо искуство со разни луѓе и на сите им наоѓаше НЗС. Се шеташе еден дечко што немаше НЗС и девојката го виде, веднаш го забележа и си помисли: Мора да му најдам НЗС.

Отиде и му рече:

- Здраво дечко, јас сум таа и таа, имаш НЗС? Дечкото ѝ рече:
- Слушај цуро, ако мислиш да си најдеш тип со НЗС, иди да си бараш друг.
- Не, ти си вистинскиот за мене, ми здосади од типови што имаат НЗС.

Девојката му се џитна на врат и го пољуби во уста, а со јазик му ги залижа крајниците. Дечкото се изненади и си рече:

- Добро е што немам НЗС!

Расказот е преземен од книгата „Кристалните јами на пропаста“, прогласена за најдобар дебитантски ракопис за 2012 година на конкурост „Новите!“. Победникот за 2013 година ќе биде прогласен на 27 декември во клубот ГЕМ во 12 часот.

Слика: Патрик Џеј Марфи

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото