(Видео) Саше Ивановски до Орхан Памук: знаете ли дека примате награда од диктаторска власт?

26.12.2013 10:26
(Видео) Саше Ивановски со провокативен настап: Господине Памук знаете ли дека примате награда од диктаторска влада?

На свеченоста по повод доделувањето на книжевната награда „Табернакул“ на турскиот писател Орхан Памук и рускиот писател Виктор Ерофеев, новинарот Саше Ивановски, кој се наоѓаше во публиката, стана и гласно го праша нобеловецот Памук дали е свесен дека прима награда од диктаторска влада која затвора медиуми, новинари и ги замолчува критичките медиуми.

„Господине Памук, дали знаете дека примате награда од диктаторска влада? Меѓу новинарите, повеќето од критични настроените медиуми, 50 новинари ја изгубија работата, а еден е во затвор. Ова е диктаторска влада господине Памук, и треба да го знаете тоа. Го користат вашето име за да покажат дека ова е демократија“, гласно се обрати Ивановски.

Настапот на Саше Политико ги вознемири организаторите, кои велеа дека ова не е политичка емисија и му се обратија со зборовите „да си одите“, по што Ивановски беше изнесен од салата.

На свеченоста, во првите редови се наоѓаа и премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Инаку, пред одржувањето на свеченоста и прес конференцијата со Памук и Ерофеев, организаторот им порача на новинарите да не поставуваат политички прашања. За потсетување, голем дел од успехот во писателската кариера на Орхан Памук и Виктор Ерофеев се должи токму на занимавањето со политички прашања.

Извор: maktel.mk

ОкоБоли главаВицФото