1029 hPa
80 %

-4 °C
Скопје - Сре, 12.02.2025 02:59
Предновогодишната 20-та Критична маса во Скопје покажа дека нема ништо спорно, тешко, чудно ниту пак невозможно во тоа да се вози велосипед (поради каква било причина) и во зима. Токму во овој период, масовното користење на велосипедот од страна на граѓаните би придонело за помало користење на моторните превозни средства кои се дел од проблемот со загадувањето.
Затоа, поголема група точакољупци, „велосисвесни“ и луѓе кои што во иднина го гледаат главниот град како една велосипедски порасположена средина, се собраа и оваа последна среда од декември и воопшто од годинава на предновогодишното возење и замислување на вело-желби за идната 2014.
Посакајте и вие нешто велосипедски убаво за Скопје или вашиот град во новата 2014!
И имајте среќни 365 на точак!