1020 hPa
94 %
17 °C
Скопје - Сре, 18.09.2024 12:59
На 27 декември (петок) во 20:00 часот во клубот ГЕМ, во рамки на малиот саем на книги, ќе се одржи промоција на четири наслови објавени во едицијата Квир сквер на Темплум.
Станува збор за книгите „Збогум, Берлин“ од Кристофер Ишервуд, „Ред за ручек“ од Уршка Стерле, „Морис“ од Е.М. Форстер и „Во својот двор“ од Сузана Тратник, која штотуку излезе од печат.
На промоцијата ќе се одржи разговор со Никола Гелевски, главниот и одговорен уредник на Темплум. Разговорот ќе го води Билјана Гинова.
Целосната програма на саемот може да ја погледнете овде.