Мекдоналдс со препорака до своите вработени: не јадете брза храна!

27.12.2013 19:31
Мекдоналдс со препорака до своие вработени: не јадете брза храна

На интернет страницата McResource, наменета за вработените во Мекдоналдс, која и порано даваше совети на кои луѓето се чудеа - на пример, како да се состави крај со крај ако работите за плата од 7,25 долари на час - сега се препорачува работниците од Мекдоналдс да избегнуваат да ги јадат своите производи поради опасност по здравјето.

За да ја илустрираат разликата помеѓу „нездравото“ и „здравото“, администраторите на интернет страницата поставиле слика од типичен оброк од Мекдоналдс и еден оброк од нивните конкуренти - компанијата Subway - сендвич со салата и чаша вода.

„Брзата храна е брза, со разумна цена и нуди алтернатива за домашната кујна. Погодна е и економски прифатлива за брзиот начин на живот, има многу калории, маснотии, шеќери и соли, со што луѓето се изложени на ризик од прекумерна телесна тежина“, се истакнува на страницата.

Исто така, на McResource препорачуваат дека наместо да се конзумираат чизбургери со помфрит, треба да се јаде на места каде во менито има „разни салати, супи и зеленчук, за да се зачува доброто здравје“.

Извор: www.nydailynews.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото