Инстаграм бременоста на една балерина

28.12.2013 17:08
Инстаграм бременоста на една балерина

Балерината Мери Хелен Бауерс ја документирала својата прва бременост преку фотографии на Инстаграм какви што не можат да се видат секој ден. Дел од фотографиите се настанати и во деветтиот месец од бременста, а на нив Мери не се откажува од својата прва љубов, балетот. Тврди дека токму балетот ѝ помогнал за болките во грбот кои ги имала во текот на бременоста.

Како што вели, во бременоста почувствувала поврзаност со сопственото како никогаш порано, а сметала дека тоа искуство е вредно за да биде дел од еден фотографски проект.

Во светот на професионалниот балет Бауерс е од својата петнаесетта година, кога била примена на Школата за американски балет на Менхетен со целосна стипендија, а потоа се придружила на групата New York City Ballet, во која останала десет години.

Во своето студио во Сохо денес ја држи фитнес програмата Ballet Beautiful, преку која им помага на жените да постигнат грациозна фигура на балерина.

На фотографиите подолу може да погледнете како Бауерс ги помирила својата страст за балетот и високата бременост.

Извор: instagram.com/balletbeautiful#

Слични содржини

Општество / Фотографија
Фотографија / Инста10мк / Уметност
Фотографија / Уметност
Фотографија / Книжевност / Настан
Општество / Фотографија / Скопје 1963-2013 / Историја

ОкоБоли главаВицФото