1017 hPa
94 %
10 °C
Скопје - Пет, 06.12.2024 13:59
Возење
-Каков е животот во Македонија?
-Како во стар автобус на ЈСП. Еден вози, другите се тресат.
***
Како е?
-Како е во Македонија?
-Па, баш и не можеме да се пожалиме.
-Значи добро е, а?
-Не, реков дека не можеме да се пожалиме.
***
Кучиња
Четири кучиња - Грчко, Турско, Руско и Македонско разговарале за животот во нивната земја. Грчкото куче рекло: порано слугите ми обезбедуваа месо, а сега мора да лаам за него.
Турското куче рекло: имате слуги во Грција?
Руското куче рекло: ве хранат со месо?
Македонското куче рекло: ви дозволуваат да лаете?
***
Распад
Нервозен граѓанин се шета и пцуе:
-Да ти ебам струјата! Да ти ебам парното! Да ти ебам киријата! Да ти ебам државата распадната!
Го слуша полицаец и го удира со пендрек:
-Како тоа на јавно место ја навредуваш државата?
-Ама не кажав која држава.
-Не сери! Мислиш јас не знам која се распаѓа?
***
Хаос
Судство - хаос.
Здравство - хаос.
Образование - хаос.
Економија - хаос.
Криминал - организиран.
***
Проект за Мијалков
Човек му зборува на Сашо Мијалков:
- Имам еден интересен проект, баш би сакал да го видиш и да ми кажеш што мислиш.
Мијалков му вика:
- Да, важи, прати го на мејл па ќе го видам.
Овој го прашува:
- Добро, а на кој мејл?
- На кој било.
***
Паричката низ годиниве
Го прашуваат Грујо: „Кај кого падна паричката годинава?“
Грујо одговара: „Кај братучед ми“.
***
Нова македонска народна поговорка
-Сложни браќа куќа градат, сложни братучеди држава растураат.
***
За ништо толку
Во еден од преполните македонски затвори, дошол нов политички затвореник. Го прашуваат староседелците:
-На колку те осудија?
-На десет години.
-За што?
-За ништо! Баш ништо не направив!
-На друг тоа да му го збориш, батка! За ништо овде даваат само пет години!
***
Наебување
Полицаец фатил 16-годишен вмровец како обива трафика.
-Мали, сеа наеба! - рекол полицаецот.
А клинецот му одговара:
-Море ќе наебеш ти кога ќе станам министер за некоја година!
***
Достигнувања
Од ВМРО ДПМНЕ организирале свеченост за да прослават годишнина од денот кога дошле на власт. Груевски го почнал говорот: „Браќа и сестри! Ајде да спомнеме дел од достигнувањата на нашата партија! Еве, Мара порано беше неписмена селанка; немаше ни фустан ни чевли. Сега е позната фармерка во регионот. Перо беше најсиромашен во селото, немаше коњ, крава, дури ни секира. А сега вози трактор и има два пара чевли. А Кире? Кире беше хулиган и пијаница. Никој не му веруваше зашто беше тежок лопов и крадеше што стигне. А сега е генерален секретар на партискиот комитет.“
***
Медицинско чудо
Германски и македонски доктор разговарале за тоа колку е развиена медицината во нивните земји.
-Во Германија медицината е толку напредна што може да извадиме половина срце од еден човек, да го пресадиме на друг, и за две недели и двајцата се здрави и може да почнат да си бараат работа, рекол германскиот доктор.
-Тоа не е ништо. Во Македонија на еден човек му го извадивме мозокот, го сместивме на премиерска функција и сега пола држава бара работа, рекол Македонецот.
***
Невработеност
Ставревски доаѓа кај Грујо и му вика:
-Бројот на невработени во Македонија овој месец се намали за 318 лица.
А Грујо одговара:
-Нека им е лесна земјата.
***
Работа
Оди човек во Завод за вработување и прашува:
-Да не имате некаква работа за мене?
-Нормално!
-Каква работа е тоа?
-Одлична! Ќе имате своја канцеларија, секретарка и личен возач, а платата ќе ви биде 2.000 евра.
-Добро, вие мене ме заебавате?
-Па кој почна прв?!
***
Вистинскиот момент
Грујо и Ставре биле на роуд шоу и отишле во казино. Набрзо излегле од таму - едниот во гаќи, другиот сосема гол.
-Е, ова морам да ти го признаам - му рекол Ставре на Грујо - ти стварно знаеш кога е моментот да прекинеш со коцкањето!
***
Постојат многу начини да се заработат пари
-Постојат многу начини да се заработат пари - му рекол еден бизнисмен на вмровскиот колега што држел јавно претпријатие - но само еден начин е чесен.
-Кој?
-Е, знаев дека не го знаеш!
***
Скопје - Брисел
Еден странец среде скопскиот главен плоштад прашува еден домородец:
-Како одовде може да се стигне до Брисел?
-Кога би сакал да одам за Брисел, не би тргал одовде - одговорил домородецот.
***
Нови опозициски пцовки по 7 април 2013:
-На мајка ти у Пустец!
-На мајка ти у Голо Брдо
-На мајка ти у Центар!
***
Сто желби
Скопјанец фатил златна рипка покрај бродовите и врбите во Вардар, а таа му рекла:
-Пријателе, ќе ти исполнам сто желби, само не ме враќај таму.
***
Пријавување во полиција
- Ало, добар ден, дали е тоа полиција?
- Да, повелете господине.
- Сакам да пријавам парк во Центар...
***
Жерновски раскажуе: дрва нема
Жерновски вака се правдал пред новинарите:
-Сношти добив СМС: „Дали ти требаат дрва?“ Одговорив дека не ми требаат. Утрово, излегувам надвор и гледам - нема дрва. Што значи, пак ме заебаа.
***
Тешка будала
За секоја ситница во Македонија мора да се праша пастирот: од култура, образование и здравство до архитектура, економија и надворешна политика. Еднаш така еден министер се осмелил да донесе некоја одлука без да го консултира севишниот. Тогаш пастирот толку се налутил што му се развикал на министерот:
-Ако мислиш дека си попаметен од мене, тогаш стварно си тешка будала!
***
Грујо на психијатар
Никола Груевски отишол на психијатар со по парче сланина зад секое уво, со змија наместо кравата и со ТВ антена закачена на главата.
-Повелете, за што дојдовте да разговарате? - прашал психијатарот.
-За Бранко Црвенковски - рекол Груевски.
***
Демократија vs. груевизам
Студент по политички науки го прашува професорот:
-Професоре, каква е разликата помеѓу демократија и демократијата на Груевски?
-Слична како помеѓу кошула и лудачка кошула, одговара професорот по кратко размислување.
***
Продавам трактор
Никола Груевски во весник дал оглас дека продава трактор.
„Зашто, бе, продаваш трактор?“, зачудено го прашувале луѓето Груевски.
„Па, ја продадов земјата и трактор веќе не ми треба“, одговарал Црни Грујо.
***
Паѓање
-Паѓаат од висока зграда Грујо и Ахмети. Кој ќе падне прв?
-Не е важно, важно е дека паѓаат.
Слики: Свирачиња