Како машините во 2013 им ја преземаа работата на луѓето

02.01.2014 12:58
Како машините во 2013 им ја преземаа работата на луѓето

Темата за тоа како во изминатите години технологијата сѐ повеќе го заменува трудот на човекот беше една од најкоменитраните во медиумите. Секако, не станува збор за нова тема - овој страв постои уште од почетокот на индустриската револуција.

Вашингтон Пост состави листа од неколку области во кои роботите во 2013 почнаа да ги преземаат работите кои обично ги извршуваше човекот.

1. Испраќање и доставување на пакети/пошта

Уште во 2012 Амазон започна да соработува со компанијата Kiva Systems која произведува роботи што може да се програмираат да ги преземаат онлајн нарачките во складиштата и да подготвуваат пакети за испорака. Фирмата моментално има 1.382 машини во три центри, а тоа значи дека наскоро нема да има работа за десетици илјади привремени работници кои на тој начин заработуваа за празниците.

Ако го земеме предвид фактот дека за неколку години најавените беспилотни летала би можеле да доставуваат пакети, вработените во Амазон нема да имаат многу причини за радост.

2. Вработените во рестораните за брза храна

Штрајковите на вработените во рестораните за брза храна ги натераа научниците сериозно да поработат на роботи кои би можеле да ги заменат вработените. Иако таквите машини сѐ уште не се достапни, оваа година беше најавен почетокот на подготовката на таквите машини. Треба да се потсетиме на фактот дека касиерите и касиерките во рестораните на Мекдоналдс ширум Европа почнаа да ги заменуваат touch-screen екраните.


3. Бутиците

Трговијата на интернет постепено ги заменува класичните продавници, а она што сѐ почесто се спомнува е растот на интересот за компаниите како American Giant, кој по ниски цени продава квалитетна облека изработена во САД. Причината за ниските цени е тоа што оваа компанија нема бутици ширум САД и работи исклучиво преку интернет. Потрошувачите во Америка наскоро ќе имаат можност да купат квалитетно парче облека по многу пристојна цена, но во исто време тоа значи дека оние луѓе кои би требало да ја продаваат облеката нема да имаат работа.

4. Возачите на камиони

Технологијата на автономни возила полека се развива, а за сега имаме само машини кои ни помагаат при возењето. Меѓутоа, возачите на камиони на долги дестинации во догледно време би можеле да останат без работа, а на нивно место би дошле роботите на далечинско управување кои никогаш не се заморуваат. Накратко, 5,7 милиони камионџии во Америка би можеле да станат технолошки вишок.

5. Управување со земјоделски машини

Автоматизацијата во земјоделството не е никаква новост. Од неодамна, на пазарот може да се најдат трактори на далечинско управување или дури трактори чие движење може однапред да се програмира. Јасно, човечкиот фактор и во овој случај е непотребен, што доведува до тоа повеќе луѓе да ја загубат својата работа.

6. Apple

По неколкуте години исполнети со остри критики, злогласниот Фокскон одлучи во одредени делови од производството да ги замени луѓето со машини кои ќе ги произведуваат компјутерите, паметните телефони и таблетите. Вработените во моментов се сигурни (и ужасно платени), но по порастот на платите во Кина, Фокскон наскоро би можел да почне со употреба на таканаречените „Фоксботи“ за кои се зборува уште од 2010.

7. Екипата која ги работи помалку важните работи во лабораториите

Во Северна Каролина постои компанијата LabCorp која произведува машини кои ги сортираат примероците од земената крв, а тоа е само една од неколкуте стотици работи кои моментално ги работат послабо платените вработени во лабораториите. Меѓутоа, тоа се солидно платени работи кои наскоро би можеле да ги извршуваат роботи.

Извор: Washington Post

ОкоБоли главаВицФото