Главолом шампиони за 2013: Саше Ивановски, Ацо Станковски и Никола Груевски

02.01.2014 18:00
Главолом шампиони за 2013: Саше Ивановски, Ацо Станковски и Никола Груевски

САШЕ ИВАНОВСКИ (новинар)

Латас - дводецениска флека
Ништо ти не си друже освен бедна новинарска курва на рангот на оние жални жени кои се мотаат на бензиската пумпа до зградата на МТВ, ти си беда на нашата професија, ти си дводецениско дно, дводецениска флека која ни стои на завесата у дневна, сите ја гледаме и се чудиме кога ќе дојде времето некој да те откачи и да те прати на перење, или пак во подрум, доста беше твојата ера, ќе ти дојде и тебе крајот скоту беден и одвратен!!!
Мактел, 13.12.13.

Знам дека си татко и затоа му го пушиш на пастирот
Немој Трендо не ги буни и лажи младите дечки што те читаат и сеуште неоправдано те ценат како што јас те ценев до пред некоја година. Ти свесно ја сопираш револуцијата со тоа што ги лажеш илјадниците млади твои обожаватели и посетители на офф.нет. Револуциите почнуваат со младите на улиците а ти токму нив ги пасивизираш. Правиш големо зло друже, големо зло, од ова нема да можеш да се испереш цел живот! Знам ја дека си татко и мораш да мислиш на децата и затоа пушиш курац на пастирот, но брат и нив им правиш зло со тоа што дозволуваш Македонија да прерасне во ваква зандана каква што станува. Засрами се и освести се друже!
Мактел, 23.08.13.

Да бидеме сериозни, Геро ме мрази
Да бидеме сериозни, Геро ме мрази крвно и сака да ме нема и работи на случајот 24/7. Јас сум му опсесија, ноќна мора. Тој ми посветува колумни во Слободен Печат, статуси на фб, хара по фб групи на интернет со статуси за мене, колумни на Плусинфо, по негова наредба по мене распалија и Љупче Златев, Ивор Мицковски, Фрчко и Милчин. Штета што е скаран со останатите портали инаку и тие ќе запукаа по мене.
Мактел, 09.12.13.

Г точката
Засега на СДСМ не му успеваше да ја најде Г точката за постигнување оргазам кај народов македонски и затоа беше третиран како бубалица која е само за дружење и препишување домашно ама не и за секс. ДПМНЕ беше лошото момче во кожа, со бесен мотор, со нож у појас, тетоважи, лузни, бричена глава, дебел врат, без три зуба, со поглед који убија, и затоа ДПМНЕ ги добиваше сите сексови, додека СДСМ како добро послушно момче кое не пуши не пие не слуша рокенрол си мастурбираше седум години. Ред е и СДСМ да набоде нешто конечно, и на дечките од Бихачка добро им оди!
Мактел, 12.11.13.

Певаљка трофртаљка тресогазица крекавац
Грујо оди на конференции за народни и десни партии, а уствари тој е политичка турбо фолк певаљка трофртаљка тресогазица крекавац напумпан со силикони и целиот во миничи и штикли од 35 сантима! Она што Грујо им го нуди на гласачите во државава е исто урнебесно разноврсно и контрадикторно што и на народот му го нуди и Цеца Ражњатович: силиконски цицки, религија, семејство, секс, еротика, деца, патриотизам, забава, трагедија, циркус, екстаза, АБЕ СЕ, СЕ!
Мактел, 30.09.13.

10 000 вати у шупак
Мене сега талибанците ме подсетуваат на оние сериски убијци во Тексас кои поднесуваат милион жалби пред да бидат спржени на електричен стол. Успеваат да купат околу 10 до 15 години во одолговлекување но сепак упорните тексашани сепак на крајот според сите процедури ги седнуваат на столот и им пуштаат 10 000 вати у шупак.
Мактел, 21.07.13.

Живот и смрт
Овде уствари отсекогаш се работело за борба на живот или смрт, и сите оние кои се обидуваат ова да го релативизираат се наивни и шалабајзери. Се дружам претежно со дечки од опозицијата и овие години гледам само јадови, несреќи, погреби, бегства во странство, банкроти, разводи, депресии, стагнирања... Додека талибанците сите се женат и се множат како зајаци. Што е ова ако не борба на живот или смрт? Талибанциве на пастирот се како оние заебаните калифорниски пастрмки во нашите езера: кога ќе избегаат од кафезите маме ебат у цело езеро ги јадат и чамците и сѐ што мрда во езерото. Такви се и нашиве талибанци на власт. Сѐ уништија, на сѐ се посраа, притоа покажувајќи такви канцерогени нивоа на невкус, на беда, злоба, одвратност и гнасотилак што тоа е просто неописиво.
Мактел, 02.07.13.

Актер у суштина е кловн
Во претставата "Грев или шприцер", пред дваесетина години, имаше и едно типче у плаво палто кое скокаше наоколу како издрогиран мајмун... Кој да знаел дека тој мамлаз ќе биде деспот на Македонија после 20 години... После целата оваа улога на актериве у оваа цела збрка, јас полека станав алергичен на нив да ви кажам право... Абе луѓе актер е у суштина кловн, скока наоколу чита туѓ текст и глуми лудило. Нема ништо лошо да си кловн, и тоа е професија, забавуваш луѓе. Ама како може актер да менаџира, да креира, да решава проблеми?
Мактел, 21.03.13.

Лузер нација со еден шампион
И што имаме ние сега? Нација на лузери, лузер нација, лузер држава, но со еден победник со еден шампион кој тепа у се живо шо и да се фати било да е избори, пинг понг, шутирање пенали, фрлање копје, сто метра со пречки или лов на тетреби- пастиво е прв, нема трте мрте!
Мактел, 14.01.13.

Сообраќајка на патот Штип-Велес
Кажано со аналогија, да се биде политички неутрален во овие црни и застрашувачки времиња е како да се наиде на тешка сообраќајна незгода на сред пат, еве да речеме регионалниот пат Штип-Велес, и на патот да има разлетано раткапни, тркала, стакло, седишта, нафта, повредени луѓе, бебиња крвои... и ти фино лепо да фатиш преку травата и да си продужиш кај шо си тргнал.
А, пак, да си на страната на владата во моментов е ко да поминеш преку жртвите, да ги згазиш и ти под изговор дека не си ги видел или пак од чиста забава и злоба.
А, пак, ако продолжиме со аналогијава, тогаш да се биде дел од петорката на медиумски трубадури е исто како да откако ќе се згазат повредните, да се застане, да се извади пумпарица од гепек и да се упукаат повредените у глава.
Плусинфо, 09.01.13.

 

НИКОЛА ГРУЕВСКИ (Претседател на Влада)

 

Книгата е голема работа, ако има упатство за користење
Како што вели една мудра мисла: Книгата е голема работа, ако човек знае да ја користи.
Либертас, 17.12.13.

Сонцето пак ќе изгрее
Доколку Советот не одреди датум за преговори во Македонија веројатно следниот ден сонцето ќе изгрее исто како и пред Советот.
Вечер, 14.11.13.

Опозицијата да му се извини на Трајко!
Ако малку има доблест, опозицијата треба да му се извини на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за тоа што му го правеше во Парламентот, за стресот што го доживеа на 24 декември, за обидот за спречување на неговото работење, нападот на некој начин или обидот за напад. Тоа е најдоблесно што би можеле да го направат.
Плусинфо, 01.09.13.

Визибилност
Како и да е, мислам дека владиката Пимен меѓу другото имаше проблем што повеќе години е владика во синодот на МПЦ, а многу малку луѓе тоа го знаеја, и очигледно анонимноста го оптеретувала. Мислам дека на човекот му недостасуваше визибилност, пошироката јавноста да го запознае, па кога ја виде оваа шанса да го направи ова на наш грб, не се симна од медиумите под контрола на опозицијата цела недела. Којзнае колку бил среќен што конечно смислил причина некој да го даде на телевизија.
Нет прес / Либертас, 08.07.13.

Израел во Европа?
Точно е дека цела Европа, со исклучок на Ирска, Полска и на Израел, го има овој проблем, но кај нас, во една мултиетничка и мултиверска средина, тој проблем е многу поголем.
Дневник, 28.06.13.

Никој нас нема да ни ги презема општините!
Нам не ни требаат преваранти да ни ги преземаат општините и да манипулираат со луѓето.
Плусинфо, 31.03.13.

Има ли психијатар во авионов?
Јас сум Македонец, ако сум направил грешка, ја гледам, ја прифаќам и правам максимум да ја поправам. Јас сум Македонец, а ние Македонците не ја следиме историјата, ние ја создаваме.
Утрински весник, 14.02.13.

Бранко предавник
Бранко треба да биде прогласен за народен херој во Грција!
Плусинфо, 09.02.13.

 

АЦО СТАНКОВСКИ (колумнист, сликар и идеолог на преродбата)

 

Безмалку анимални личности во залудно борба против власта, т.е. вистината
Вистината не може да биде терапевт за болниот егоизам, уште помалку идеализиран швајцарски санаториум за разочараните индивидуи со скршени сништа. Можеби првата сеанса која би им ја препорачал на овие побеснети личности од константните и веќе неиздржливи конфликти со вистината, е да се откажат од својот навивачки самоинаугуриран инстинкт. (...) Но, нашите фрустрирани сонувачи за влијание што значи „пристоен“ живот, се просто изгубени во самореферентноста и секако, во манијакалниот порив, по што е можно поголем комфор на нивните, безмалку анимални личности.
Утрински весник, 03.12.13.

Винчи бил од Виница! Или од Винча?!
Леонардо да Винчи, најголемиот ренесансен гениј, е роден во 1452 година, во малото место Винчи во северна Италија. Името на неговото место на раѓање веднаш потсетува на некои места кои се наоѓаат на Балканот. Винча во Србија, на пример, каде што се наоѓа фамозниот Институт за атомска физика, Виница, мало гратче во источна Македонија или, пак, Виниче, село во североисточниот дел на Скопската Котлина. Секако дека овие топоними не се случајно толку слични, а оваа чудесна подобност упатува на одредена историска припадност.
Утрински весник, 22.10.13.

Семкарот од стадионот за титаните
Денес псевдоинтелектуалците од Македонија оваа одушевеност би ја стуткале во феноменот „антиквизација“. Но нивните неологизми и оксиморони, остануваат како растурени лушпи од семки по трибините на стадионот, каде се одвивал големиот натпревар на титаните.
Утрински весник, 06.08.13.

Безглавите бунтовници со гракање ги истребија уметниците
Состојбите се сèполоши. На сцената има сèпомалку уметници, а сèповеќе безглави бунтовници, чиј бунт наликува на лудачка хистерија. Тоа ќе биде новиот вид координатори на естетските текови на општеството. Трескавичните гракачи на исчезната уметност и технократските производители на кичот.
Утрински весник, 30.04.13.

Пинг-понг со орангутани
„Забеганиот“ проект „Скопје 2014“ на тој начин стана стапица, во која се најдоа сите овие недоветни и невротични критичари во служба на „најелитистичката“ партија во Македонија (...) Нивна среќа е што македонскиот народ е благотрпелив, па уште не ги протерал на клоци од сцената што ја гнасат со своите злобни и немоќни манифестации на неподнослива глупост. Да се полемизира со нив е како да се игра пинг-понг со орангутани.
Утрински весник, 02.04.13.

Тешко е да бидеш совршен и трпелив
Во некои моменти на човека му доаѓа некакво сожалување над бедата во која тие се наоѓаат, во тоа потполно фијаско на нивниот човечки интегритет, но во следниот момент ќе ве расколебаат со нивната стравотна и непомирлива омраза, достојна на манијакални убијци. Тогаш сфаќате дека е тешко да бидете совршен и трпелив и да простувате по која било цена, во име на една возвишена вистина и стварност. Тие напаѓаат дури и кога се обидувате да ги извлечете од живата кал во која се наоѓаат. Тие гризат со своите песјаци, клоцаат и удираат со своите копита, бодат со своите рогови, а омразата бабри во нив. На крајот сето тоа еруптира во дијареја од простачка скрибоманија. Овие амбициозни и самопромовирани несреќници ги има во огромен број. Секој човек е уметник, критичар или мислител, но ова? Ова се легионите на нечастивиот, организирани во гнасна војска од експозитурите на човекомрзецот. Ајде во напад, Ајвани! Покажете го ѕверот што го носите во себе. Вашиот час дојде!
Утрински весник, 19.03.13.

„Западно Скопје“ - легло на ситни криминалци
Но, како тоа толку илјадници граѓани, родени како христијани, не почувствувале потреба да изградат храм? Зар тие не се раѓаат и умираат? Можеби сето ова се должи на еден антирелигиозен период, со предоминантна атеистичка идеологија, промовирана низ комунистичката догма, што владееше на овие простори речиси цел половина век, а како што гледаме, таа продолжува да владее во умовите на поголемиот дел од популацијата на западно Скопје, како носталгија и ресентиман, до ден денешен во една мимикриска форма. Овој простор, главно населен со припадници на црвената буржоазија, добро поминуваше во периодот на комунизмот, можеби не толку со финансиски бенефит, колку во контекстот на собирањето симболички капитал. (...) Сега, кога првите во општеството станаа последни (не по финансиите, туку по идеите), жално е да се гледа нивниот лажовен давеж и нивната интелектуална и културна агонија. Тие комунисти по убедување денес ги кријат симболите на нивната ступидна идеологија како ситни криминалци.
Утрински весник, 12.03.13.

Антиквизација = словенизација
Антиквизација е оксиморон и неологизам измислен во кујните на псевдоинтелектуалните југоносталгичари. Преведен зборот антиквизација би значел словенизација. Од ант или анти, што значи стари Словени.
Нова Македонија, 05.03.13.

Парламент-бункер
И затоа, за да не гори и нашиот парламент, како што гореа британскиот и германскиот, треба добро да се проанализираат состојбите, а преземените чекори да одат во насока на заштитата на мирот и правниот поредок. Но, исто така, потребни се и соодветни стратегиски реакции. На пример, дислокацијата на собраниската зграда на некое друго место, на еден, што би се рекло, бришан простор, каде што ќе биде тешко да се нападне од страна на можните терористи. Тоа би бил простор со исклучителна стратегиска позиционираност, како што е сторено тоа со американската амбасада. На овој начин, во самиот центар на градот, опколен со безброј згради, паркови и огромниот Градски трговски центар полн со луѓе, каде што секој терорист лесно се крие и се „губи” во тој неконтролибилен лавиринт, нашиот парламент е вистински глинен гулаб.
Утрински весник, 22.01.13.

Полтергајст во Собранието
Сетете се само на филмот „Шајнинг“ од Стенли Кјубрик, во кој главниот лик, толкуван од Џек Николсон, доживува напади на параноидна шизофренија, манифистирана со манијалкално однесување, а мотивирана и генерирана од полтергајстот, кој е вткаен во самата градба, на тој напуштен и проколнат хотел во Апалачките Планини. Така и во нашето Собрание е вткаен духот на инфериорноста, фрустрацијата и омразата. Тој демне и бара пукнатина во аурата на погодниот пратеник, а потоа се имплементира како резидент во неговата душа, од каде што дејствува со својата демонска волја.
Утрински весник, 15.01.13.

Пастирот е повеќе од соодветна народна уметност
И самата власт е еден тип естетика, би забележале суптилните аналитичари, но таа се освојува на избори, а народот кој гласа и дистрибуира политичка моќ со овој чин е сосема задоволен од дизајнот на проектот, кој со својот класичен епски реализам е повеќе од соодветен на очекувањата и естетскиот вкус на тој ист народ.
Утрински весник, 08.01.13.

Болшевици, штурмфирери и талибани - здружено против уметноста на пастирот
...Сите оние таканаречени интелектуалци од опозициската провиниенција, кои добија аура на болшевички комесари, нацистички штурмфирери или што е најдеградирачки – талибански востаници, обременети со патолошките страсти да се урнат и уништат спомениците и градбите од проектот „Скопје 2014“.
Утрински весник, 08.01.13.

Досегашните главолом шампиони

2012
2011
2010
2009

Слики: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото