Каде се парите, бре, игноранти?

03.01.2014 12:58
Каде се парите, бре, игноранти?

Откако десничарски ориентираниот портал на македонската дијаспора во Австралија, Фаланга објави видео под наслов „Мистеризно откритие за проектот СК2014″, а интернет заедницата се згрози од обидот да му се даде посебна димензија на проектот, на својот фејсбук профил реагираше и режисерот Владимир Милчин.

Нумерологија, египтологија, мистицизам, окултизам, некромантија, масони, темплари… турлитава која треба да прикрие еден срамен ГРАБЕЖ! Камуфлажата е навредлива за здравиот разум зашто е провинцијална и неписмена со својот сиНболизам.

Троа Ден Браун, троа Хајнрих Химлер. Фали само копјето по кое трагал Адолф Хитлер во потрага по она што ќе го направи непобедлив. А групниот оргазам на оние кои ја прочитале само „Мајн кампф“ е опачината на овој фалангистички излив со кој се храни бунилото што ни се нуди како визија.

Нивната патологија не е и нема да биде нашата нормалност.

Каде се парите, бре, игноранти? Прашањето не е митолошко, ниту е симболичко, прашањето е овоземско и директно!

Криминалот во вашиот случај не е ниту антички ниту средновековен, тој е денешен и подлежи на законот на кој не му е потребно декодирање.

Малку ви беше тоа што граѓаните ги деградиравте во поданици, посакавте да ги претворите во верници кои ќе му се клањаат на кичот и фалсификатот. Тоа нема да ви помине.

Ни вашите, што поткупени што присилени свештеници од пералниците на разумот не можат бескрајно да го одложуваат вашиот крај. Пазете се од денот кога бунилото ќе помине!

Позлатата од грдото лице на вашата митологија на лагите и кичот ќе падне и ќе се открие гнилежот со кој го затрупавте Скопје и ја запустивте Македонија.

Стравот и бедата не се вечни и не се од Бога дадени!

Маските ќе паднат, а поданиците ќе викнат: АЈ, СИКТЕР ТАМУ ОТКАЈ ШТО ДОЈДОВТЕ!

Извор: Фејсбук профил на авторот / Либертас, 03.01.14.
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото