Пресвртна 2013 година: 10% од светското население живее на места каде постои брачна еднаквост

04.01.2014 12:32
Пресвртна 2013 година: 10% од светското население живее на места каде постои брачна еднаквост

Со озаконувањето на истополовите бракови во 2013 година, Бразил, САД, Франција и Англија овозможија брачна еднаквост за уште 447,5 милиони луѓе. Благодарение на овие земји, во 2014 година секој десетти чивек во светот живее на место каде е остварена брачна еднаквост.

Од 7 милијарди луѓе кои живеат на Земјата, 700 милиони луѓе денес живеат во земји во кои ЛГБТ лицата се еднакви пред законот.

Со своите 201 милион жители, Бразил е земјата која е најзаслужна за ваквата драстична промена на статистиката. Минатиот месец во Рио де Жанеиро се одржа најголемото масовно геј венчавање, кога пред зградата на Врховниот суд истовремено се венчаа дури 132 геј парови.

Иако САД не ги озакони истополовите бракови на федерално ниво, со укинувањето на DOMA (Закон за одбрана на бракот) САД ѝ овозможи на секоја поединечна држава самостојно да одлучува за ова прашање.

Укинувањето на DOMA во САД, земја со популација од 124 милиони жители, претставува голем чекор напред кон постигнувањето брачна еднаквост на светско ниво.

Во Хрватска 2013 година ќе биде запамтена како година во која е доживан последниот пораз во обидот да се постигне целосна брачна еднаквост.

Во Македонија, и покрај заложбите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, бракот не беше уставно дефиниран како заедница помеѓу едно лице од машки и едно лице од женски пол.

Извор: queer.hr