2013: годината во слики

04.01.2014 17:06
2013: годината во слики

Замрзнат камион до магацин во Чикаго.

Француски војник со маска на лицето во Нионо, Мали, непосредно пред борбата со исламските милитанти.

Едвард Сноуден, човекот кој ги откри мрачните разузнувачки тајни на NSA, на интервју во Хонг Конг.

Норвежанецот Андерс Бардал изведува пробен скок на официјалната тренинг сесија на Светскиот куп во ски-скокање во Викерсунд.

Вернер Фројнд, кој се занимава со проучување волците, јаде елен заедно со монголски волци во германската провинција Заарланд. Фројнд живее со неговите волци и се однесува како алфа мажјак, за да ја стекне нивната почит.

Видео бим на плоштадот Тиенанмен на кој е прикажана чиста природа, додека загадувањето на воздухот е на опасно ниво.

Сириски бунтовници се покриваат и заштитуваат додека граната експлодира во нивна близина.

Папата Франциск се среќава со папата Бенедикт XVI во Кастел Гандолфо.

Експлозија на финишот на Бостонскиот маратон. Во нападот загинаа тројца, а беа повредени повеќе од 250 луѓе.

19-годишниот Џохар Царнаев, човекот кој го изведе нападот на Бостонскиот маратон, со црвена точка од ласерски нишан на челото, при апсењето во Вотертаун, Масачусетс.

Маж удира активистка на Фемен која протестира против исламистите пред Големата Џамија во Париз.

Сириски бунтовник седи на фотелја среде улица затрупана од урнатини во Деир ал-Зор.

Даниел Стефан го прегрнува своето момче Томас Лејтон, додека ги разгледуваат остатоците од куќата на нивни роднини, која била разурната во страшното торнадо кое го погоди градот Мур во Оклахома.

Сурферите Герет МекНамара и Марк Хејли јаваат бранови во Тахити, Француска Полинезија.

Непознат анти-геј активист го удира активистот и борец за права на ЛГБТ популацијата Николај Алексеев, за време на собир на ЛГБТ лица во Москва.

Турски полицаец прска демонстрантка со солзавец на протест на плоштадот Таксим. Набрзо, оваа фотографија стана симбол на протестите во Истанбул и стекна планетарна популарност.

Демонстрант се обидува да остане на нозе откако е погоден од млаз од воден топ на протест на плоштадот Таксим.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ѝ го честита роденденот на Малала Јусуфзаи, храбрата тинејџерка која беше застрелана од Талибанците поради промовирање на правото на образование на девојките.

Летало во облик на Супермен, далечински управувано од дизајнерот Ото Дифенбах во Сан Диего, Калифорнија.

Делумно потопена статуа на Шива поплавена во Ришикеш, на северот на Индија. Силните монсунски дождови доведоа до излевање на реката Ганг и до опасни поплави и лизгања на земјиштето.

Британскиот принц Вилијам и Кејт, војвотката од Кембриџ, позираат со нивното новородено бебе Џорџ пред болницата Сент Мери.

Марионета на Усеин Болт, најбрзиот спринтер на плантетата, на атлетска патека на стадионот Лужники во Москва, на отворањето на Светското првенство во атлетика.

Провокативниот настап на Мајли Сајрус и Робин Тик на MTV video Music Awards во Њујорк.

Поглед од птичја перспектива на превртениот брод Коста Конкордија. Во несреќата загинаа најмалку триесет луѓе.

Несреќна жаба одлетува при лансирањето на леталото LADEE на НАСА во Вирџинија.

Сириски бунтовник се одмора во бунтовнички камп во провинцијата Идлиб.

Хортикултурни работнички работат на обоено поле во Бишофсхајм, Франција.

Вселенското летало Сојуз TMA-08M во кое се наоѓаат Павел Виноградов и Александар Мисуркин од Роскосмос и Крис Касиди од НАСА безбедно слетува во Казахстан.

Кинеско момче качено на рамениците на својот татко ја гледа 18-метарската гумена патка поставена на Beijing Garden Expo Park. Откако помина 13 градови во 10 земји, џиновската патка дизајнирана од холандскиот уметник Форентин Хофман се најде и во Пекинг.

Машина за пијалаци однесена од цунами, стои во напуштено оризово поле во близина на Фукушима.

Девојче трча кон полицаец непосредно по нападот во трговски центар во Најроби. Во терористичкиот напад загинаа најмалку 72 лица.

Молотов коктел експлодира во близина на полицаец за време на демонстрациите кои избија по убиството на антифашистичкиот музичар извршено од активисти на Златна зора.

Луѓе пред градското собрание во норвешкиот град Рјукан, каде сончевата светлина се рефлектира од огромни огледала поставени на врвот на ридот.

Пиротехника испукана од полицијата експлодира во близина на членови на анархистичката група Црн Блок, за време на судирите кои избија по штрајкот на наставниците во Рио де Жанеиро.

Белгиски специјалци покриени со противпожарна пена со која прскаа белгиските пожарникари на протест во Брисел. Пожарникарите протестираа за подобрување на условите за работа.

Двоножниот хуманоиден робот Атлас, креиран од американската компанија за роботика Boston Dynamics, претставен пред медиумите на конференција на Универзитетот во Хонг Конг.

Бомбаш-самоубиец лежи на земја во провинцијата Џалалабад во Авганистан. Потенцијалниот бомбаш е заробен пред да успее да го активира експлозивот.

Кејден Бауден, син на американскиот наредник Џошуа Џ. Бауден, го гледа ковчегот на својот татко на погребот на гробиштата во Арлингтон, Вирџинија. Џошуа Бауден загина од повредите здобиени во мисија во Авганистан.

Маче стои на покрив од куќа покриена со вулканска пепел, по ерупција на вулкан на планината Синабунг, Северна Суматра.

Демонстрантка бакнува полицаец на протест во Суза, Италија. По неколку дена, против демонстрантката беше поднесена пријава за сексуално вознемирување.

Момчиња управуваат со импровизиран брод направен од стар фрижидер и парчиња бамбус во близина на плажа во Танауан, на Филипините.

Антивладини демонстранти во Бангкок им подаваат цветови на полицајците преку бодликава жица.

Огномет ја осветлува 85-метарската новогодишна елка поставена во паркот Канталаго во Рио де Жанеиро.

Демонстранти се обидуваат со багер да го пробијат кордонот специјалци во Киев, на протестите против прекинувањето на евроинтеграцискиот процес од страна на украинскиот премиер Виктор Јанукович.

Цветови оставени пред слика на Нелсон Мандела во Јоханесбург, непосредно по неговата смрт.

 

Извор: www.theatlantic.com

Слични содржини

Фотографија / Свет
Фотографија / Свет
Фотографија / Свет
Фотографија / Свет
Фотографија / Свет
Фотографија / Став

ОкоБоли главаВицФото