Во новата година со нов календар

06.01.2014 11:02
Во новата година со нов календар

Во време на дигитални технологии и електронски гаџети календарот во својот класичен облик е речиси непотребен. Тоа не значи дека таквите календари повеќе не се изработуваат. Напротив, денес календарите станаа место за дизајнерски експерименти и како такви, вистински колекционерски предмети. Типографијата како и новите идејни решенија за приказ на месеците и деновите се честа тема на ваквите календари. Но, ниту практичната страна на календарите не е занемарена. За да може човекот да се снајде во светот пренатрупан со настани, некои од календарите се паметно дизајнерски решени како потсетници.

За да го поттикнеме размислувањето за календарот како дизајнерски предмет кој освен практична има и естетска функција, претставуваме неколку примери кои често се коментирани на интернет.

Tyododarium преку 365 денови од годината која е пред нас ни донесува мноштво инспиративни фонтови од 232 дизајнери од 26 држави.

Со типографијата се занимава и типографскиот календар на студиото Hinrichs, но само на дванаесет страници.

Овој интересен сет на дизајнерката Хедер Линс е составен од дванаесет перфорирани листови на календарот на кој самите треба да ги извезете имињата на месеците.

Vertical нуди поинаква насока на читање на времето од онаа на која обично сме навикнале. Календарот е дело на MAKE Collaboration, а вклучува и 90 разнобојни налепници со кои може да ги означите вашите важни настани.

Креативно остварување е и Wandekalendar 2014, на кој може да ги бележите важните датуми со 100 налепници, а двостраниот печат овозможува да биде поставен вертикално или хоризонтално, во црна или зелена боја.

Poladarium е уште еден од низата календари кои за секој ден од годината посветуваат по една страница. Во случајов, станува збор за 365 полароид фотографии.

ToDoCal 2014 е огромен минималистички календар кој нуди доволно простор за бележење на сите обврски кои ве чекаат во претстојната година.

Истото нешто, но не во толку минимална верзија, го нуди и To Do List Pad на Рајан МекГинис. Секој ден донесува нов црно-бел цртеж, а на листот е оставен и доволен простор за белешки.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

Графички Дизајн / Уметност
Графички Дизајн / Значења
Графички Дизајн / Историја
Активизам / Графички Дизајн

ОкоБоли главаВицФото