Човек ѝ се смачил на руската салата

06.01.2014 16:54
Човек ѝ се смачил на руската салата

Скопје, 6 јануари 2014

На руската салата ѝ се смачило од скопјанката Мици Бужаровска (од Тафталиџе) која јаде руска салата веќе пет дена по ред, дознаваат Пара вести.

Омиленото јадење на нашите простори вели дека повеќе не може ни да ја гледа Мици, бидејќи од 31 декември не пропуштила ниту еден нејзин оброк.

„Самата помисла на Мици кај мене предизвикува мачнина и нагон за повраќање. Едвај чекам да ме изеде и да не ја гледам веќе! Секој ден ме јаде за појадок, ручек и вечера. Кога и да се отвори вратата на фрижидерот го гледам нејзиното лице и си мислам - до кога веќе?!“, се пожали руската салата.

Популарната салата напомена дека полесно би го поднела сето тоа кога Мици Бужаровска би можела да се стрпи ден-два.

„Досадно ми е, не можам веќе да и’ бидам и предјадење и гарнир и главно јадење. Едвај чекам да почне да пости, барем еден ден да ме остави раат. Би било фино некој да ме замени за Божиќ, да речеме, мимозата“, рекла руската салата.

Таа истакна дека поради таквите како Мици Бужаровска за време на новогодишните и божиќните празници често посакува да е салата од цвекло, целер и морков.

Извор: www.njuz.net