10 добри моменти за жените во 2013

08.01.2014 11:57
10 добри моменти за жените во 2013

И покрај не толку охрабрувачките општествено-политички околности кои директно или индиректно ги погодуваат жените, издвојуваме десет настани од 2013 година кои укажуваат на некои позитивни општествени трендови во поглед на односот на и кон жените.

1. Сѐ повеќе познати личности не се плашат да се декларираат како феминистки

Дека идејата за рамноправност на жените и мажите не е баук, докажува сѐ поголемиот број на јавни личности кои се декларираат како поборници/поборнички на феминистичките идеи. Клер Денс, Лена Данам, Мара Вилсон, Лорди и Џон Леџенд се само некои од нив.

2. Шведската кинематографија го воведе Bechdel-тестот, скала за рангирање на филмовите според феминистички клуч

За некој филм да го помине овој тест, во него мора да има најмалку два женски лика, кои во барем една од сцените разговараат за нешто, а темата на разговорот да не е некој маж.

3. Пентагон ја укина забраната за учество на жените во првите борбени редови

Според правилото кое е на сила од 1994 година, на жените им е забрането да учествуваат во акциите на малите копнени борбени одреди и во воените зони. Со укинувањето на ова правило се покажува дека работата треба да се добива според квалификациите, а не според полот, а тоа воедно го потврди и вистинската состојба на теренот каде американските женски војници веќе ја извршуваат должноста на медицински персонал и работат како разузнувачки кадар.

4. Американската агенција за храна и лекови (FDA) ја одобри итната контрацепција во САД, пилулата која се зема еден ден по сексуалниот однос, без рецепт и без рестрикција во поглед на возраста.

5. ЛГБТ заедницата во делови на САД оствари многу победи

Истополовите бракови оваа година се легализирани во неколку американски сојузни држави, меѓу кои се Њу Џерси, Делавер, Хаваи, Илиноис, Минесота и Мериленд.

6. Џенет Л. Јелен, во моментов заменик претседател на Федералните резерви на САД (FED) е номинирана за челното место на истите. Ако биде избрана, ќе стане прва жена во САД која го води овој моќен и важен ресор.

7. Глорија Стајнем, една од петнаесетте добитници/добитнички на американската Претседателска награда за слобода, која ја доделува Барак Обама, ја стивна јавната дебата околу контроверзниот настап и изведувачкиот стил на пејачката Мајли Сајрус, со својата изјава дека „не треба да се мрази играчот туку играта“.

„Би сакала да не е потребно да бидеме голи за да бидеме забележани... Меѓутоа, бидејќи рамките на играта се зададени, жените се тие кои избираат. Тоа е смешно. Но, нашата култура е таква. Сметам дека треба да ја промениме, а не да ги обвинуваме луѓето кои играат според правилата на единствената игра која постои.“

8. Младата пакистанска активистка за права на жените Малала Јусуфзаи, добитничка на наградата Сахаров за слобода на говор во 2013 година, упорно ја продолжува борбата за право на образование на жените.

9. Филмот „Игри на гладот“, иако претежно насочен кон забавата, успева да покаже на кој начин можат да се надминат традиционалните родови улоги во филмот и скаменетите филмски правила за романса меѓу протагонистите во филмот, донесувајќи на платното силни женски ликови, особено во своето второ продолжение - „Игри на гладот: Пламен“.

10. Канадската уметница Петра Колинс, чијашто фотографија на Инстаграм на која таа беше прикажана таа бикини од кои ѕиркаат срамните влакна, издржа во својата борба против наметнувањето на општествен идеал за убавина и во борбата за разобличување на лицемерието на модерното општество.

Извор: voxfeminae.net

ОкоБоли главаВицФото