Морбиден викторијански обичај: посмртна фотографија

09.01.2014 13:50
Морбиден викторијански обичај: посмртна фотографија

По пронаоѓањето на дагеротипијата, навиките за меморизирање и „овековечување“ на луѓето се менуваат: тие сѐ почесто ги избираат евтините фотографии со повисок квалитет наместо скапите и не току уверливи насликани портрети. Сликањето портрети на покојниците бил обичај кој траел со векови, па не е изненадувачки што посмртната фотографија исто така станува еден вид мода.

Поради високата стапка на смртност на бебињата и децата, посмртното фотографирање станало еден важен ритуал за меморизирање на изгубените членови на семејството. Во некои случаи, ваквите фотографии биле единствените на кои целото семејство се собирало заедно.

Освен фотографиите на кои се наоѓаат само децата и семејните фотографии, подоцна се правеле и фотографии од возрасните покојници во семејството.

Постојат и примери на фотографии на кои покојниците биле фотографирани во стоечка положба, а стоеле исправени со помош на специјални држачи и потпирачи.

Извор: io9.com

Слични содржини

Фотографија / Gif / Теорија / Историја
Фотографија / Балкан / Историја
Фотографија / Уметност / Историја
Фотографија / Историја
Фотографија / Балкан / Историја

ОкоБоли главаВицФото