Cardboard Box Office

10.01.14 12:17

Во септември минатата година Леон Меки и Лили Ланг сфатиле дека по бројните селења во гаражата им останале многу картонски кутии. Размислувале дали да ги фрлат или да се обидат некако да ги искористат. Така дошле до идејата да реконструираат сцени од познати филмови.

Прво решиле да направат семејна фотографија која ќе го долови нивниот живот со 10-месечниот син Орсон.

„Сакавме да покажеме дека животот ни е хаотичен и дека ни недостасува спиење откако Орсон го презеде седиштето на возач. Така ја снимивме фотографијата Life Domestic. На луѓето им се допадна и бараа да направиме уште такви. Одеднаш се појави начин да ги искористиме сите тие кутии. И така почна сѐ“, раскажува мајката.

Подоцна, тие ја покренале и веб страницата Cardboard Box Оffice, како и профилите на Фејсбук и Твитер.

До сега имаат снимено сцени од филмовите Star Wars, The Dark Knight, The Temple of Doom, Jurassic Park... По извесно време, почнале да ги прашуваат и своите фанови за предлози за филмски сцени и да ги изработуваат „по нарачка“.

Извор:cardboardboxoffice.com