Момче разочарано од алкохолот нашло утеха во љубовта

11.01.2014 13:45
Момче разочарано од алкохолот нашло утеха во љубовта

Велес, 11 јануари 2014

Владимир Илиев, дваесетгодишно момче од Велес, предизвикал загриженост кај своите пријатели бидејќи утеха за своето разочарување од алкохолот почнал да бара во љубовта.

Откако престанал да пие, целосно се посветил на својата девојка и на здравиот живот, а за својата врска со алкохолот не сака ни да зборува.

„Какво момче беше тој? Кога ќе влезеше во кафеана, сите шишиња беа негови, можеше да смени неколку пијачки во една ноќ“, раскажува Матеј, другарот на Владимир.

„Не знам што се случило помеѓу него и алкохолот, па врската пукнала. Одбива да зборува за тоа, ама убаво се гледа дека е многу разочаран. Сосема се промени, стана сенка од стариот Владо. Навистина ми е тешко да го гледам како страда. Ние другарите пробувавме на сите начини да разговараме со него за проблемот, да го вратиме во нормала, ама не успеавме“, открива неговиот пријател.

Тој додава дека откако Марко ја прекинал својата врска со алкохолот, главно ги минува деновите со својата девојка Елена. Се занимава со спорт, а често оди на излет во природа, што дополнително ја загрижува неговата околина.

„Навистина ми е тешко да го гледам како страда. Другар ми е од детството, па загрижен сум како ќе заврши. Се плашам дека нештата отидоа предалеку и дека веќе никогаш нема да биде оној ист човек“, загрижено вели Матеј.

Извор: www.njuz.net