Центарот на Брисел без автомобили

13.01.2014 12:51
Центарот на Брисел без автомобили

Брисел е град со долга традиција на непромислени урбанистички решенија. Уште во деветнаесеттиот век реката која тече низ градот е претворена во булевари. Уривањето на историското урбано ткиво во корист на високите деловни згради без карактер и давањето приоритет на автомобилскиот сообраќај по повод светската изложба Експо 58 зацрта многу подоцнежни лоши урбани решенија поради кои со тек на време терминот бриселизација се устоличи како поим за лошо урбано планирање.

Сепак, ако новиот градоначалник Иван Маер од Социјалистичката партија успее да го протурка својот проект, Брисел би можел да доживее подобра иднина.

Денешните булевари, кои повеќе изгледаат како мали автопатишта во градот, би можеле да се претворат во удобни пешачки зони кои би ги поврзувале плоштадите на градот и би го направиле историскиот центар згоден за шетачите. И покрај многуте решенија во кои исчезнуваа и цели квартови и познати и важни објекти за историјата на архитектурата, како на пример, сецесискиот Maison du Peuple Victora Horte, Брисел сѐ уште има многу да покаже.

Пешачкиот план не треба само да го врати стариот сјај на преостанатите згради препознати како дел од културното наследство, туку би требало и да го спои средновековното јадро на градот со живата зона околу плоштадот Света Катерина. Иако сѐ уште не се знае како овој план ќе влијае на сообраќајниот метеж по кој е познат градот, според истражувањата на белгискиот весник Le Soir 61% од граѓаните едвај го чекаат.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото