Илустрации на Салвадор Дали за „Ромео и Јулија“ од Шекспир

14.01.2014 18:29
Илустрации на Салвадор Дали за „Ромео и Јулија“ од Шекспир

Често се случувало најголемите книжевни класици да привлечат и големи ликовни уметници кои му оддаваат почит на авторот (и на самото книжевно дело) изработувајќи илустрации за или според делото.

Кај библиофилите, таквите споеви предизвикуваат уште посилна возбуда додека ги читаат своите омилени книги. Да ги наведеме како пример цртежите на Пикасо за комедијата „Лисистрата“ или цртежите на Анри Матис посветени на романот „Улис“.

Секако, меѓу најблескавите примери спаѓаат и цртежите на Салвадор Дали за Шекспировата драма „Ромео и Јулија“. Освен овој славен драмски текст, Дали исто така ги има илустрирано и „Дон Кихот“ во 1946, есеите на Монтењ во 1947 и „Алиса во Земјата на чудата“ во 1969.

Во 1975 година од издавачката куќа Rizzoli е објавено изданието на „Ромео и Јулија“ со цртежи на Салвадор Дали во 999 примероци.

Извор: www.brainpickings.org