ТВ програма се жали дека ја гледаат сѐ подосадни луѓе

15.01.2014 14:56
ТВ програма се жали дека ја гледаат сѐ подосадни луѓе

Скопје, 15 јануари 2014

Телевизиската програма на една национална телевизија е разочарана од својата публика за која тврди дека секој ден станува сѐ подосадна, дознаваат Пара вести.

„Никогаш за време на моето постоење публиката не била толку лоша. Не знам што се случило, но порано ме гледаа покултурни, позабавни луѓе, фин народ. Денес мојата публика главно е составена од луѓе кои се задоволуваат со евтини, празни содржини како што се турските и шпанските серии. Замислете како ми е со такви луѓе! Кога се наоѓам пред луѓето кои гледаат реално шоу, ми доаѓа да се убијам. Имам чувство дека квалитетот на гледачите со години опаѓа, ама кога и да помислам дека го допреле дното и дека не можат да паднат пониско, тие ме изненадуваат непријатно“, го открива програмата своето разочарување.

Таа додава дека размислувала и за промена на медиумот само за да побегне од досадните луѓе кои ја гледаат, но дека слушнала дека и кај другите не е многу подобро.

„Разговарав со содржините на печатените медиуми и интернетот. Секаде публиката е повеќе или помалку иста. Главно тоа се луѓе кои гледаат слики од разголени старлети, читаат вести од трач-рубриките и го пикаат носот во туѓите животи. Сепак, малку му завидувам на интернетот бидејќи има толку масовна публика, што може да одбере и да го помине времето со забавни и духовити луѓе“, искрено признава ТВ програмата.

Извор: www.njuz.net
Слика: Пол Де Хаан

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото