Поздрав од Маврово

16.01.2014 10:34
Поздрав од Маврово

Најавите за изградба на хидроцентралите Бошков мост и Луково поле предизвикаа загриженост кај екологистите, кои предупредуваат дека Маврово може да биде збришано од картата на светските национални паркови. На местото каде треба да се изгради хидроцентралата Бошков мост живее балканскиот рис кој е прогласен за загрозен вид.

Во делови од овој национален парк, општината Маврово-Ростуше без објаснување ја намали заштитата од зона за строга заштита (највисок степен на заштита) во зона за одржливо искористување (најнизок степен на заштита), што е спротивно на целите за заштита на природата и природните видови заради кои е воспоставен националниот парк.

Опасноста која му се заканува на Маврово е повод - преку серија ретро разгледници - да укажеме на важноста на ова природно богатство.

Извор: documents-mk.blogspot.com / 24vesti.mk