85 години Попај

17.01.2014 12:15
85 години Попај

Легендарниот морнар Попај кој за прв пат се појавува во стрипот Thimble Theatre на 17 јануари 1929 година, денес го слави својот 85-ти роденден.

Ликот на Попај е дело на американскиот стрип уметник Елзи Крислер Сегар. На почетокот стрипот изгледал многу поинаку од денес. Тогаш главна хероина била Олива, а освен неа во стрипот се појавувале и нејзиниот брат Кастор Оил, Брутус, Џеј Велингтон Вимпи и свршеникот на Олива, Хам Грејви. Барајќи јунак кој ќе ги засени другите, авторот дури подоцна го воведува Попај.

Филмската премиера Попај ја има во филмот Betty Boop Meets Popeye the Sailor (1933). Истата година студиото Fleischer го снима и долгометражниот филм I Yam What I Yam со Попај како главен лик. Сè друго е историја. Потоа Попај се појавува во бројни стрипови, анимирани филмови, компјутерски игри и сл.

Во 1980 е снимен играниот филм Попај со Робин Вилијамс во главната улога.

Подолу може да ја погледнете првата епизода на цртаниот филм со Попај, како и една епизода синхронизирана на македонски јазик, во која гласовите ги позајмуваат Димче Мешковски, Таска Балабанова, Мите Грозданов и Божо Софрониевски.

 

ОкоБоли главаВицФото