Девојка го оставила момчето затоа што не му била прва

17.01.2014 13:46
Девојка го оставила момчето затоа што не му била прва

Скопје, 17 јануари 2014

Мики Ј. (27) веќе со денови страда по раскинувањето со својата девојка Сузана која го оставила бидејќи дознала дека не е првата девојка со која тој спиел.

„Сузе ми се допаѓа многу, паметна е и згодна, па раскинувањето тешко ми падна. Се обидов да ѝ објаснам дека тоа во денешно време е нормано, дека тие девојки за мене се минато и дека ја сакам само неа, но таа не сакаше да чуе за моите аргументи“, објаснува Мики додека тажно гледа некаде во далечината.

Од друга страна, Сузана вели дека е свесна за промените кои со себе ги носи модерното време и еманципацијата која го следи, но дека ѝ е тешко да се помири со фактот дека Мики бил интимен и со други девојки.

„Мислев дека ние двајца сме посебни, создадени еден за друг, ама неговото признание ме шокираше. Не можам да верувам дека си дозволил да биде толку слаб. Мислам дека тие девојки го искористиле и отфрлиле, а бара утеха во мене“, луто раскажува Сузана и признава дека била со други момчиња пред Мики, но тоа не го менува фактот дека тој ја изневерил.

„Точно е дека пред него имав неколку партнери, но тоа е сосема друга работа. Воопшто не е исто како она што го направи тој. Тоа беше барање на вистинскиот. Мислев дека Мики е тој, ама ме разочара. Колку и да се чувствувам изневерено поради сево ова ,нема да се откажам од потрагата по вистинското момче за кое ќе бидам единствена и посебна“, самоуверено вели оваа девојка.

Извор: www.njuz.net