Не...!!!

20.01.2014 10:33
Не...!!!

Постигнат е консензус со усмена согласност која ни се презентира како конечен договор за изборните правила и однесувања во претстојната изборна кампања помеѓу двата најголеми политички ривали, ДПМНЕ и СДСМ. Претпоставувам дека усмениот консенсуален договор ќе биде преточен и во писмена форма пред изборите, ќе биде доставен на јавноста како писмен акт, историски документ, доказ, „корпус деликт“, плус заверен на нотар на собраниска седница, кој во иднина, после изборите, ќе има улога на незаштитен и единствен сведок на уште еднаш поразената Вистина, која само за нас - мислам само за СДСМ и здружената опозиција заедно со сите нивни симпатизери - ќе има валидност на вистинска хартија со компактна содржина и заклучоци, ама без специфична тежина на доказен материјал пред кој било Суд, домашен или меѓународен...

Од друга страна, од сега знаеме (множината на глаголот „знаеме“ се однесува на вистинските Бургијаши, оние кои свесно и саморазумно гледаат на работите и случувањата), дека за ДПМНЕ и неговите коалициски партнери тој писмен документ ќе има значение на дополнителна тоалетна „Палома“ хартија за добришување на преостанатиот дел од последиците на нивната завршена „голема нужда“, на нивните осумгодишни срања. Кога си дозволија да стават потпис на заклучоците од Комисијата за настаните од 24 декември 2012, пред странски дипломати како сведоци, и без трошка срам со „фусноти“ и „постскриптум коментари“ ги прогласија и заклучоците од договорот и сопствените потписи за тоалетна хартија, тогаш, ало, Радмила, Заев, ало СДСМ, ало Бихаќка, ало здружена опозицијо, време е да им се заканите јавно, време е вие да ја покажете и нашата трезвеност дека знаеме со какви криминалци, манипулатори и лажговци, кибритчии и изборни измамници си имаме работа. Време е да им покажеме и на оние од надвор, и на самите себе, дека не сме жртвени јагниња за некои селско итромански јебиветровци кои практицираат власт...

1. ПОБАРАЈТЕ НЕОДЛОЖЕН ПОПИС...

2. ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК...

3. ТЕК ТОГАШ СТАВАЊЕ ПОТПИС НА КОНСЕНСУАЛНИОТ УСМЕН ДОГОВОР ЗА ИЗБОРНИТЕ ПРАВИЛА НА ИГРА, АМА САМО ДО ПОТПИСОТ НА ИСТИОТ ДОКУМЕНТ НА ФИЛЕ. ЛЕВО ПОТПИС НА СДСМ, ДЕСНО НА ДПМНЕ, ВО СРЕДИНА ЕУ И ПОТПИСОТ НА ФИЛЕ... И

4. АЈДЕ НА ИЗБОРИ...

Не го жртвувајте претседателскиот кандидат, кандидатка, кои и да се, со оваа докажано ајдучко перфидна власт. Сега му е мајката кога ќе го истакнете карактерот, цврстината, свесноста, трезвеноста, и моментот кога ќе ставите точка на боксерските бајки и приказни. Сè друго, според нас, вистинските Бургијаши, ќе биде свесно приложување на уште една жртва, на уште едно јагне во устата на незаситниот волк, Боксерот. Тој можеби има овци, вие - НЕ!!!

Слика: Свирачиња