1003 hPa
76 %
8 °C
Скопје - Сре, 17.04.2024 22:59
Рино Стефано Таљаферно е автор на ова неверојатно возбудливо видео, во кое голем број слики што денес го имаат статусот „класика“ се прикажани во анимирана верзија. Во овој случај, не станува збор за некаква игра која предизвикува комичен ефект, што многу често е резултат кога некој ќе реши да си поигра со сликите на старите мајстори. Малите, суптилни и бавни придвижувања на сликите во ова извонредно видео само го зголемуваат и нагласуваат силниот ефект кој овие ремек-дела и онака го имаат.