Секојдневието на двајца геј родители

20.01.2014 12:11
Секојдневието на двајца геј родители

Фотографиите на двајца геј татковци неодамна поставени на Инстаграм добија огромно внимание и го обиколија целиот свет.

Кордале и Калеб се млад и успешен афроамерикански пар кој живее во Атланта и одгледува три деца, уништувајќи ги со својот начин на живот сите стереотипи за хомосексуалните парови. Овие двајца горди татковци го менуваат погледот кој повеќето луѓе го имаат за поинаквите семејства, поставувајќи ги фотографиите од својот вообичаен живот на Инстаграм.

Татковците им помагаат на соите деца со домашните задачи, ги испраќаат до училиште и им ја пружаат сета неопходна љубов. Минатата недела, симпатичните момци објавија фотографија на која ѝ ја чешлаат косата на својата ќерка и ја подготвуваат за училиште.

Под фотографијата, Кордале и Калеб напишале:

„Да се биде татко значи да се будат своите ќерки во 5:30 наутро, да им се направи појадок, да се облечат за на училиште и да се испратат на автобус до 6:30. Ова е вообичаен ден во нашиот дом. Не е лесно, но уживаме во секој момент.“

За чудо, со оглед на степенот на хомофобија кој се среќава на интернет, коментарите се сосема позитивни, каков што е, впрочем, и нивниот профил на Инстаграм: полн со симпатични семејни, сосема нормални моменти.

Извор: Huffington Post

ОкоБоли главаВицФото