Бесплатен уличен pop-up дуќан за донирање облека

21.01.2014 10:20
Бесплатен уличен pop-up дуќан за донирање облека

Уличниот pop-up дуќан во кој се донира облека, а оние на кои им е потребна можат да ја земат бесплатно, е идеја која доаѓа од Кејптаун, Јужна Африка. Волонтерите собрани околу прифатилиштето за бездомници дошле до идеја со дизајн на едноставни и мултифункционални плакати истовремено да ги известуваат луѓето за настанот, да собираат донации, да ги класифицираат и да им овозможат лесен преглед и пристап до облеката на оние на кои им е потребна.

Она на што организаторите се посебно горди е дека им овозможиле на бездомниците сами да ја избираат облеката и обувките кои ги сакаат, нешто што на оние кои не можат да си дозволат да купат облека не им е секогаш овозможено.

Успехот на акцијата, како во собирањето на донираната облека и обувки, така и во однос на големата побарувачка за неа која се покажува на терен, ги поттикнала организаторите да го споделат своето искуство и со другите. На нивната веб страница The Street Store во пет едноставни точки е објаснето како да се спроведе акцијата, а графичката подготовка на плакатите е достапна за преземање. Предвиден е и простор за фотографии и информации за другите места каде што акцијата се спроведува.

Со оглед на глобалниот пораст на бројот на бездомници, но и оние кои во своите домови живеат на работ на сиромаштијата, ваквите акции сигурно би им помогнале на многу луѓе ширум светот да решат еден од егзистенцијалните проблеми.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото