1022 hPa
70 %

7 °C
Скопје - Чет, 13.02.2025 19:59
Во рамки на проектот Machine To Be Another, со помош на уредот Oculus Rift, се добива интересна замена на родовите на две лица, која има цел да ги извлече од комфор-зоната и да ги предизвика да го преиспитаат својот родов идентитет.
Двете лица од различен пол кои учествуваат во овој проект/експеримент седнуваат свртени со грб еден кон друг, со сетот Oculus Rift на главата, и потоа во 3D приказ гледаат што му се случува на другиот. Она што ја создава нелагодноста е „огледалноста“ - учесниците прават исти движења, а пред нивните очи се гледаат „себеси“ со променет пол/род.
Ова е само еден дел од проектот Machine to be another. BeAnotherLab смета дека Oculus Rift може да се користи и за предизвикување емпатија на разни други начини, како на пример, при истражувањето и третирањето на проблемите на лицата со попреченост, како и разбирањето на лицата кои на некаков начин се различни од мнозинството.
Извор: www.themachinetobeanother.org