Шовинистички маркетинг

25.01.14 11:08

Политичката коректност и рекламите и денес не одат секогаш рака под рака. Сепак, постојат примери кои ја надминуваат границата на навредливото која денес би можеле да си ја замислиме.

„Џабе убавата коса, очи и заби ако користиш погрешен дезодоранс“, порачува една реклама, друга вели дека не е ништо чудно ако жената ја изгуби работата затоа што се познаваат бели влакна во нејзината коса, трета опишува како жената треба да плаче ако прстенот подарен од мажот е „преубав за рацете оштетени од миење садови“, во четврта маж препорачува таблети против менструални болки бидејќи „тој страдал повеќе од жена му“ поради тоа... па сè до рекламата во која мажот се заклучува во соба поради занемарувањето на интимната хигиена на сопругата.

Подолу може да погледнете 20 примери на шовинистички реклами кои на најгруб можен начин ја навредуваат жената.

Извор: gizmodo.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото