Северна Кореја стана првата земја која испрати човек на Сонцето

27.01.2014 10:07
Северна Кореја стана првата земја која испрати човек на Сонцето

Пјонгјанг, 27 јануари 2014

Државната новинска агенција на Северна Кореја денес потврди дека оваа земја стана првата држава во светот што испратила човек на Сонцето.

Според агенцијата, астронаутот Хунг Ил Гонг слетал на Сонцето со специјално дизајнирано летало околу 3 часот по полноќ, според корејско време.

Хунг, кој е единствениот учесник во оваа мисија, стигнал на крајната дестинација околу три часа подоцна и на ѕвездата слетал од страната што не може да се види од планетата Земја.

„Почестени сме и горди што можеше да ја објавиме веста за успешната мисија во која станавме првата земја во светот што испратила претставник на човештвото на Сонцето“, изјави презентерот на вестите на државната телевизија. „Северна Кореја ги победи сите земји во светот во натпреварот за освојување на Сонцето. Хунг Ил Гонг е вистински херој и заслужува соодветен пречек кога ќе се врати во текот на оваа вечер.“

Специјално обучениот астронаут треба да се врати на планетата Земја вечерва околу 21 часот, по што ќе замине на средба со својот вујко, драгиот водач Ким Јонг-ун.

Се дознава дека 37-годишниот истражувач на вселената патувал под превезот на ноќта со цел да го избегне изложувањето на штетните и радиоактивни сончеви зраци. Со овој подвиг тој ја смести изолираната азиска држава на врвот од земјите што ја истражувале вселената.

За време на кратката прошетка по површината на Сонцето, астронаутот Хунг собрал примероци од сончевите дамки кои планира да му ги подари на драгиот водач во знак на благодарност што токму него го избрале за мисијата.

Осумнаесетчасовната мисија веќе е окарактеризирана како „најголемото постигнување на човештвото на сите времиња“ од страна на севернокорејската државна новинска агенција.