Критична маса #21: Избистри го градот на точак!

27.01.2014 11:58
Критична маса #21: Избистри го градот на точак!

Скопје е загадено. Не знаеме колкав процент од каде доаѓа: затоплување на домаќинства, фабрики, сообраќај.

Со секое вклучување на моторот на автомобилот го загадуваш воздухот кој го дишете ти и твоите блиски. Покажи му на тој до тебе како може да се заштити себеси и Скопје од загадениот воздух. Предложи му на колегата да одите заедно до работа со точак, оди на кафе со точак, собери ја девојка ти на точак за на кино, плати сметки на точак, оди кај баба ти на пита со точак. Вози за почисто Скопје.

Нам како граѓани на овој град ни останува да го правиме она за што се залагаме. Да тргнеме од себеси, да почнеме или да продолжиме да возиме велосипед, да не чекаме подобри услови, туку со своето присуство на улиците, да покажеме дека се повеќе од неопходни!

Биди дел од промената, градот е она што прават граѓаните.

Вози точак секој ден, а на Критична маса во среда на 29-ти јануари.

Се гледаме на плоштад, ѕрн ѕрн!

Датум: 29.01.2014

Тргнување: 17:30, Плоштад Македонија

Крај (подигнување на точаците): Парк во Лисиче

Рутата може да ја погледнете на овој линк.