Зошто?

27.01.14 13:09

Документарниот филм со наслов „Зошто“ сведочи за премрежијата на една хрватска девојка која како тинејџерка е сместена во психијатриска болница за да биде „лечена“ од хомосексуалност.

Ана поминала повеќе од пет години во психијатриската установа Лопача, во која на 16 години ја сместиле нејзините родители, за да ја „излечат“ од хомосексуалноста. Кога наполнила 18 години, таа била задржана во болницата, иако не дала писмена согласност, како што тоа го пропишува законот.

Она што се случувало во Лопача под „стручната палка“ на директорката д-р Мирјана Вулин и д-р Радомир Ракун личи на сценарио од хорор филм.

Ана била врзувана, дрогирана со лекови, фрлана во самица, биле лажирани наоди дека е зависник од дрога за да имаат какво-такво оправдување да ја здаржат...

За прв пат Ана е пуштена на слобода кога д-р Вулин рекла дека таа е излечена и повеќе не сака девојки...

ОкоБоли главаВицФото