Југославија во Втората светска војна (фотографии)

31.01.2014 13:23
Југославија во Втората светска војна (фотографии)

Во годината кога се одбележува крвавиот 100-годишен јубилеј од Првата светска војна, потсетуваме на последиците од еден уште поужасен глобален вооружен судир - Втората светска војна.

Во оваа војна, Македонија во рамки КПЈ учествува на вистинската, антифашистичка и победничка страна. Денес, седумдесетина години по победата над фашизмот, сведоци сме на запоставување, одрекување и игнорирање на антифашистичкото југословенско наследство, како и на бришење на материјалните и физичките траги од можеби најзначајната македонска битка.

Македонија не е единствената која е зафатена од овој вирус - знаците се забележливи и во останатите држави од поранешна Југославија. Присутните симптоми на десничарскиот екстремизам и национализам треба да бидат повод за загриженост и вклучување на алармот.

Среде националистичкото беснеење, со цел да потсетиме на важноста што антифашистичката борба ја има за Македонија, земјите од поранешна Југославија, но и на глобален план, претставуваме дваесетина фотографии од борбата против фашизмот во Втората светска војна на територијата на Југославија, како и од злосторствата на фашистите.

 

* * *

Ајдете браќа,
cите содружно,
да ги скршиме
ропските синџири
Сите содружно
в бој да тргнеме,
в бој за слободна
Македонија!
Доста е ропство,
доста тиранство,
доста трпевме
клети фашисти!

(македонска партизанска песна)

Бугарски војници извршуваат убиства во Македонија

Роми пред стрелање во Шабац, 1941

Диверзија на словенечки партизански единици на пругата Љубљана-Трст, 1941

Германски и бугарски единици во Охрид, 1941

Горенски партизани на Триглав, 1943

Грчки партизани на Кожуф, 1944

Партизанки во Гуча, 1944

Италијанска војска во Кичево, 1941

Партизани на заседанието на АВНОЈ, 30.11.1944

Комунистички борци во Сремска Митровица, 1941

Краишка бригада, 1944

Припадници на Краишката бригада, 1944

Партизанска болница во Кавадарци, 1944

Македонски партизани во Тетово, 1944

Македонски партизани во Скопје, ноември 1944

Партизанска берберница во Ливно, октомври 1943

Младинки пренесуваат вода за партизаните

Партизани во Ниш, 1943

Партизани во Сараево, пред вагон кој сообраќа на линијата Сараево-Берлин, 1945

Усташи во акција

Воена берберница во Бјелина, 1944

Македонски партизани на Козјак; меѓу нив: Христијан Тодоровски Карпош, Методија Андонов Ченто и Вера Јоциќ, 1943

Извор: znaci.semiology.org