Тито, Маркс и Енгелс во пеколот на фреските на црногорска црква

01.02.2014 11:29
Тито, Маркс и Енгелс во пеколот на фреските на црногорска црква

Црквата во Црна Гора ја разбранува јавноста, откако беше откриено дека на фреските на еден православен храм во Подгорица се прикажани претседателот на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито, и германските филозофи Карл Маркс и Фридрих Енгелс и тоа во огнот на пеколот.

Веста за новоизградената црква во Подгорица го обиколи целиот свет, а мислењата за бизарните фрески се поделени. Едни го поддржуваат, а други го критикуваат начинот на кој се претставени Тито и филозофите.

„Маркс, Енгелс и Тито се персонификација на комунистичкото зло на Балканот“, изјави за AFP старешината на Соборниот храм во Подгорица.

Тој не го откри името на авторот на фреската, но истакна дека „уметникот има право на своја слобода, а не може во име на Црквата да одредува кој заслужува рај, а кој пекол.“

Други пак, како адвокатот Раде Станковиќ, коментираат дека црквата не треба да се меша во секуларниот свет и да одредува кој заслужува место на небото или во пеколот.

Црквата е осветена на 7 октомври 2013 година, 20 години по изградбата. Ова не е единствената црква во Црна Гора на чии фрески се наоѓаат познати личности од XX век. Во Острог, во манастирот од XV век, насликани се Адолф Хитлер, Владимир Ленин и Јосип Броз Тито како група предавници, заедно со Јуда.

Извор: BBC