Гиф Камасутра

05.02.14 14:09

Во 2011 година француската илустраторка Малика Фавр била ангажирана да го илустрира луксузното издание на Камасутра од издавачката куќа Penguin Books. Наместо да создаде предвидливи и веќе видени илустрации, таа одлучила од различните пози од Камасутра да направи букви.

Поттикната од овој ангажман, Фавр изработила и анимирани варијанти на сите 26 латински букви со пози од Камасутра. Подолу може да погледнете неколку од нејзините анимации. Финалниот концепт на овој потфат може да го погледнете на страницата Kama Sutra Alphabet, додека повеќе сензуални и креативни анимации од Малика Фавр може да најдете на нејзината официјална веб страница.

Извор: www.malikafavre.com

ОкоБоли главаВицФото