Да се биде ЛГБТ во Русија: краток документарец на HRW

07.02.2014 12:09
Да се биде ЛГБТ во Русија

Во краткиот филм кој го сними организацијата Human Rights Watch се прикажани сите ужаси со кои се соочуваат припадниците на ЛГБТ популацијата во Русија. Тие се понижувани, вербално и физички малтретирани.

„Руските власти ја поттикнуваат хомофобијата и насилните напади на ЛГБТ лицата“, вели Тања Купер од Human Rights Watch, во новиот документарен филм кој зборува за правата на припдниците на ЛГБТ заедницата во Русија.

Забраната за „хомосексуална пропаганда“ и анти-геј изјавите од страна на водечките луѓе во јавниот и политичкиот живот го поттикнаа насилството против хомосексуалците кое е во проаст во минатите неколку месеци.

Извор: e-novine