На Скопје му треба нов Кензо Танге

08.02.2014 15:27
На Скопје му треба нов Кензо Танге

Спо­ред пла­нот на Кен­зо Тан­ге, од Тран­спор­тни­от цен­тар, пре­ку пе­шач­ки мост, тре­ба­ло да се стиг­ну­ва до мос­тот кај Ком­плек­сот бан­ки ка­де што, пак, тре­ба­ло да се из­гра­ди плош­та­дот Ре­пуб­ли­ка, кој тре­ба­ло да би­де по­го­лем и по­ос­мис­лен од де­неш­ни­от плош­тад Ма­ке­до­ни­ја.

Град­ска пор­та би­ло пред­ви­де­но да се гра­ди од кај Ком­плек­сот бан­ки кон де­неш­ни­от нов об­јект на „Ве­ро“, и во неа тре­ба­ло да се смес­ти це­ли­от биз­нис сек­тор.

За Град­ски ѕид нап­ра­ве­ни се че­ти­ри раз­лич­ни под­мо­де­ли на мо­де­лот на Тан­ге. Про­ек­тот бил тес­ти­ран во ту­нел за вет­ро­ви, за да се ви­ди ка­ко ќе се сме­ни мик­рок­ли­ма­та на гра­дот. Де­нес не знам за кој про­ект та­ка се оди во де­та­ли.

Зош­то пос­тзем­јот­рес­но Скоп­је не би­ло из­гра­де­но спо­ред мас­тер пла­нот на ја­пон­ски­от ар­хи­тект Кен­зо Тан­ге? Кол­ку гра­дот из­гу­бил по­ра­ди тоа што не­го­ви­от план бил де­лум­но ре­а­ли­зи­ран, и мо­же ли не­кои од тие про­ек­ти да се ре­а­ли­зи­ра­ат во де­неш­но Скоп­је? Од­го­во­ри на овие пра­ша­ња се оби­ду­ва да да­де мла­ди­от ар­хи­тект Иван Мир­ков­ски, кој ток­му на те­ма­та за Скоп­је дип­ло­ми­ра­ше на Фа­кул­те­тот по ар­хи­тек­ту­ра на Тех­нич­ки­от уни­вер­зи­тет во Ви­е­на.

„На Скоп­је му тре­ба нов Кен­зо Тан­ге, кој ќе да­де нов мас­тер план, спо­ред кој гра­дот ќе се раз­ви­ва во на­ред­ни­те пе­де­се­ти­на го­ди­ни. Ко­га се ос­вр­ну­ва­ме на ми­на­то­то и на она што би­ло нап­ра­ве­но, тре­ба да се учи­ме на греш­ки­те за да не ги пов­то­ру­ва­ме. Би би­ло пог­реш­но, од де­неш­на дис­тан­ца, да се нав­ра­ќа­ме на про­ек­ти­те на Тан­ге, во обид се­га да ги ре­а­ли­зи­ра­ме ток­му та­ка ка­ко што тој ги ис­пла­ни­рал, би­деј­ќи без ви­зи­ја ка­ко гра­дот ќе фун­кци­о­ни­ра, тоа пов­тор­но ќе би­де про­ма­шу­ва­ње. Тоа е ис­то ка­ко да гра­диш град во кој не­ма да се жи­вее во ку­ќи­те ту­ку ќе се нап­ла­ќа влез­ни­ца за да ги ви­дат лу­ѓе­то“, ве­ли Мир­ков­ски.

„Ко­га поч­нал да го ре­ша­ва проб­ле­мот, имал ви­зи­ја да го ре­ши во фа­зи, би­деј­ќи гра­дот мо­ра да жи­вее и да му се да­де мож­ност на тој град да се раз­ви­ва во ид­ни­на, заш­то не мо­жеш да зна­еш што ќе се слу­чи по 40 го­ди­ни ту­ку са­мо да прет­пос­та­виш. Од тие прет­пос­тав­ки, ко­га ни­кој не мис­лел де­ка Ју­гос­ла­ви­ја ќе се рас­пад­не ту­ку де­ка ќе би­де чет­вр­та си­ла во све­тот и оти ќе се раз­ви­ва и ќе има су­пер­во­зо­ви, и де­ка Скоп­је ќе се раз­ви­ва, ка­ко што е де­нес Бер­лин, нап­ра­вен е мас­тер пла­нот. Но не из­лег­ло та­ка, и ре­а­ли­за­ци­ја­та на пла­нот на Тан­ге поч­ну­ва да стаг­ни­ра, за­ед­но со си­те дру­ги про­це­си во др­жа­ва­та“, ве­ли Мир­ков­ски.

Ме­та­бо­лис­тич­ка­та ар­хи­тек­ту­ра ко­ја до­ми­ни­ра­ла во тоа вре­ме во Ја­по­ни­ја и чиј прет­став­ник бил Тан­ге, проб­ле­ми­те ги ре­ша­ва­ла пре­ку сим­бо­ли, од­нос­но ар­хи­тек­ти­те гра­дот го по­де­ли­ле на не­кол­ку сим­бо­ли кои, ме­ѓу­себ­но по­вр­за­ни, да­ва­ле це­ли­на и со­ци­о­лош­ка фун­кци­о­нал­ност.

„Кен­зо Тан­ге гра­дот го де­ли на прс­те­нес­ти и ли­не­ар­ни фор­ми, кои ну­дат ши­ро­ки за­о­би­кол­ни­ци и го вгра­ду­ва­ат во се­бе раз­во­јот на со­об­ра­ќа­јот во го­ди­ни­те кои до­а­ѓа­ат. Тој да­ва ком­плек­сна ана­ли­за на мик­ро и мак­ро струк­ту­ра­та на цен­трал­но­то град­ско под­рач­је. Тан­ге то­гаш ги да­ва тер­ми­ни­те Град­ски ѕид, Град­ска пор­та и плош­тад Ре­пуб­ли­ка. Тој сме­тал де­ка гла­вен за раз­во­јот на гра­дот ќе би­де Тран­спор­тни­от цен­тар, би­деј­ќи се прет­пос­та­ву­ва­ло де­ка же­лез­нич­ки­от со­об­ра­ќај ќе би­де до­ми­нан­тен. Град­ска­та пор­та тре­ба­ло да се гра­ди на мес­то­то ка­де што се­га се на­о­ѓа На­род­на бан­ка и прос­то­рот спро­ти неа ка­де што се­га се гра­ди но­ви­от об­јект на 'Ве­ро'. Во Град­ска­та пор­та тре­ба­ло да би­де смес­тен биз­нис сек­то­рот, а таа би­ла пла­ни­ра­на на две ни­воа, од­нос­но нул­та ни­во по кое ќе се дви­жат во­зи­ла­та, а пре­ку пе­шач­ки мост, си­те што ќе дој­дат во Скоп­је, пре­ку Же­лез­нич­ка­та ста­ни­ца пеш да дој­дат до плош­та­дот Ре­пуб­ли­ка и до Град­ски­от тр­гов­ски цен­тар и, пре­ку Плош­та­дот, до Град­ски ѕид. Плош­та­дот Ре­пуб­ли­ка тре­ба­ло да се из­гра­ди на по­те­гот од мос­тот кај 'Хо­ли­деј ин' кон Же­лез­нич­ка­та ста­ни­ца на два­та бре­га на Вар­дар, а во не­го тре­ба­ло да се смес­тат си­те ад­ми­нис­тра­тив­ни об­јек­ти на Гра­дот. Плош­та­дот тре­ба­ло да се по­вр­зе со пе­шач­ки мост, а во дол­ни­от дел да би­де ска­лест во круж­на фор­ма и да мо­же да се ко­рис­ти ка­ко би­на или от­во­рен те­а­тар. Иде­ја­та би­ла си­те што, пре­ку Же­лез­нич­ка­та ста­ни­ца ќе дој­дат во Скоп­је, пеш да мо­жат да стиг­нат до си­те поз­на­чај­ни ад­ми­нис­тра­тив­но-де­лов­ни об­јек­ти, да за­вр­шат ра­бо­та“, об­јас­ну­ва Мир­ков­ски.

Од овие про­ек­ти на Тан­ге ре­чи­си це­лос­но бил ре­а­ли­зи­ран са­мо про­ек­тот за Град­ски ѕид, и де­лум­но е ре­а­ли­зи­ран про­ек­тот за Тран­спор­тни­от цен­тар, би­деј­ќи би­ла из­гра­де­на са­мо Же­лез­нич­ка­та ста­ни­ца, а Ав­то­бус­ка­та ста­ни­ца и ос­та­на­ти­те прид­руж­ни об­јек­ти ос­та­на­ле не­за­вр­ше­ни. Плош­та­дот Ре­пуб­ли­ка во­оп­што не бил поч­нат, а од Град­ска­та пор­та де­нес фун­кци­о­ни­ра са­мо згра­да­та на На­род­на бан­ка.

„Во 1972-74 го­ди­на Кен­зо Тан­ге е за пос­ле­ден пат ту­ка, ко­га се гра­де­ла Же­лез­нич­ка­та ста­ни­ца. Со тој про­ект ра­бо­ти­те поч­на­ле да за­пи­ра­ат, Град­ски ѕид е во конс­трук­ци­ја, а од Тран­спор­тни­от цен­тар се гра­ди са­мо Же­лез­нич­ка­та ста­ни­ца. Дру­ги­те со­др­жи­ни по­ле­ка от­па­ѓа­ат од иг­ра.

Град­ска пор­та не се из­гра­ди­ла на тоа ни­во ка­ко што пла­ни­рал Кен­зо Тан­ге, би­деј­ќи мо­же­би не­ма­ло так­ва пот­ре­ба. Но не знам зош­то во­оп­што не бол поч­нат плош­та­дот Ре­пуб­ли­ка, кој ка­ко прос­тор бил од­лич­но ре­шен и се­га се по­ка­жу­ва де­ка ток­му тој плош­тад ни фа­ли, би­деј­ќи де­неш­ни­от плош­тад не мо­же да ги за­до­во­ли пот­ре­би­те на гра­дот, оти ни­ту е го­лем, ни­ту прос­тран, ни­ту ги има пот­реб­ни­те об­јек­ти. Се­га има­ме еден плош­тад дух, кој пос­тои са­мо на хар­ти­ја, а на плош­та­дот Ма­ке­до­ни­ја се тру­па­ат си­те фун­кции на гра­дот, и на­ед­наш ќе се слу­чи да не­ма­ме плош­тад ту­ку са­мо те­рен за сер­вис“, ве­ли Мир­ков­ски.

Тој сме­та де­ка единс­тве­но про­ек­тот за Град­ски ѕид, кој скоро це­лос­но бил ре­а­ли­зи­ран, де­нес ком­плет­но фун­кци­о­ни­ра. Спо­ред овој наш млад ар­хи­тект, си­те ко­мен­та­ри де­ка Град­ски ѕид е про­ма­ше­на ин­вес­ти­ци­ја и оти не е из­гра­ден по пла­нот на Тан­ге, се смеш­ни, чар­ши­ски му­а­бе­ти.

„За Град­ски ѕид се нап­ра­ве­ни че­ти­ри раз­лич­ни под­мо­де­ли на мо­де­лот на Тан­ге. Про­ек­тот бил тес­ти­ран во ту­нел за вет­ро­ви, за да се ви­ди ка­ко ќе се сме­ни мик­рок­ли­ма­та на гра­дот. Де­нес не знам за кој про­ект та­ка се оди во де­та­ли. Ни­кој не мо­же да ка­же зош­то Град­ски ѕид не фун­кци­о­ни­ра. Град­ски ѕид, спо­ред ме­не, е еден од нај­фун­кци­о­нал­ни­те про­ек­ти во Скоп­је. Град­ски ѕид е на­ре­ден во два сте­пе­на, на ви­со­ки ку­ли од 45 мет­ри и ни­ски ку­ли од 20 мет­ри, кои ме­ѓу се­бе има­ат зе­лен прос­тор. Зна­чи Град­ски ѕид пра­ви еден ѕид ме­ѓу цен­трал­но­то град­ско под­рач­је и ос­та­то­кот од гра­дот, но внат­ре ос­та­ва до­во­лен прос­тор ка­де што лу­ѓе­то кои жи­ве­ат во цен­тар мо­же пеш да одат и да цир­ку­ли­ра­ат, прос­тор ка­де што не­ма прис­тап за во­зи­ла и прос­тор на кој мо­же да си иг­ра­ат де­ца, ка­ко што не е слу­чај со дру­ги­те на­сел­би ка­де што од пар­ки­ра­ни ко­ли не сме­еш да пуш­тиш де­ца над­вор. Проб­ле­мот е што тие прос­то­ри се це­лос­но за­бо­ра­ве­ни. Мо­же­би тоа е не­кој по­рив на ам­не­зи­ја што вла­дее во це­ла Ев­ро­па, па и кај нас“, ве­ли Мир­ков­ски.

Со­об­ра­ќај­ни­те ре­ше­ни­ја за Скоп­је од про­ек­ти­те на Кен­зо Тан­ге и де­нес сè уш­те се ак­ту­ел­ни. Не­о­дам­на за­вр­ше­на­та се­вер­на оби­кол­ни­ца око­лу Скоп­је е дел од мас­тер пла­нот на овој ја­пон­ски ар­хи­тект, а јуж­на­та оби­кол­ни­ца, од­нос­но де­неш­ни­от Ју­жен бу­ле­вар кој, про­дол­жу­вај­ќи на ис­ток и за­пад, ќе се спои со се­вер­на­та оби­кол­ни­ца, ос­та­ну­ва­ат глав­но со­об­ра­ќај­но ре­ше­ние за гра­дот.

„Со­об­ра­ќај­ни­ци­те Тан­ге мно­гу доб­ро ги ре­шил. Се­вер­на­та оби­кол­ни­ца, спо­ред про­ек­тот, го се­че Ка­ле и ми­ну­ва под не­го, а по­тоа си те­че ка­ко што и се­га е из­гра­де­на. Тоа е вле­зот во цен­тар. Јуж­на­та оби­кол­ни­ца е де­не­шен Ју­жен бу­ле­вар, кој де­нес, ка­ко што поч­ну­ва, и за­вр­шу­ва сле­по, са­мо се про­дол­жу­ва­ат кон ис­ток и за­пад и се по­вр­зу­ва­ат со се­вер­на­та оби­кол­ни­ца. Тоа е еден над­во­ре­шен кру­жен прс­тен око­лу де­неш­ни­от Мал ринг. Пар­ти­зан­ска тре­ба­ло да про­дол­жу­ва пра­во и под Плош­та­дот да се по­вр­зе на се­вер­на­та оби­кол­ни­ца, а се­га за­вр­шу­ва сле­по и уди­ра во згра­да­та ко­ја бе­ше из­гра­де­на. Под­зем­ни­от дел на Пар­ти­зан­ска де­нес не­ма ни­как­ва мож­ност да се нап­ра­ви, би­деј­ќи Гра­дот не­ма ни­ту план за под­зем­ни­те ин­ста­ла­ции“, ве­ли Мир­ков­ски.

Тој сме­та де­ка Скоп­је и из­гу­би­ло, но и до­би­ло што пла­нот на Тан­ге не се ре­а­ли­зи­рал во це­лост. Тој об­јас­ну­ва де­ка во тоа вре­ме ко­га Тан­ге го ра­бо­ти пла­нот за Скоп­је, уш­те двај­ца дру­ги врв­ни ар­хи­тек­ти пра­ват пла­но­ви за из­град­ба на уш­те два гра­да, ед­ни­от во Ин­ди­ја, дру­ги­от во Бра­зил.

„Бра­зи­ли­ја во тоа вре­ме се гра­ди по пла­нот на Ос­кар Ни­ма­ер, а Шан­да­гар во Ин­ди­ја се гра­ди по пла­нот на Ле Кор­биз­је. На хар­ти­ја овие два гра­да из­гле­да­ат мно­гу уба­во, но иде­а­лот на ар­хи­тек­тот се по­чи­ту­ва док­рај и при из­град­ба се слу­ша се­кој збор на ар­хи­тек­ти­те, и тие два гра­да се нап­ра­ве­ни уто­пис­тич­ки, без да се во­ди смет­ка за нив­на­та фун­кци­о­нал­ност, без да се во­ди смет­ка де­ка пла­нот е пра­вен за пот­ре­би­те на лу­ѓе­то. Во Скоп­је уба­во­то е во тоа што и де­нес се одр­жу­ва во жи­вот и це­ла­та таа ме­та­бо­лис­тич­ка ар­хи­тек­ту­ра на ар­хи­тек­ти­те од Ја­по­ни­ја, ко­ја се вкло­пу­ва во жи­ве­е­ње­то. Ние и де­нес жи­ве­е­ме во Град­ски ѕид, го ко­рис­ти­ме Тран­спор­тен цен­тар, кој сè уш­те се дог­ра­ду­ва. Тој мас­тер план на Кен­зо Тан­ге фун­кци­о­ни­ра, оти таа ва­ри­јан­та за из­град­ба на гра­дот ко­ја тој ја нап­ра­вил не поч­на­ле вед­наш да ја гра­дат ту­ку на таа ва­ри­јан­та се нап­ра­ви­ле ис­пи­ту­ва­ња и тес­ти­ра­ња“, об­јас­ну­ва Мир­ков­ски.

Тој сме­та де­ка ток­му таа ме­то­дич­ност во пла­ни­ра­ње­то на еден град, ка­ко што во ше­е­сет­ти­те го­ди­ни ра­бо­те­ле ја­пон­ски­те ар­хи­тек­ти, е она што де­нес му фа­ли на Скоп­је.

„Мо­ра да се ис­пла­ни­ра­ат фа­зи­те, а по­тоа да се по­ми­не на пла­ни­ра­ње. На Скоп­је му фа­ли пла­ни­ра­ње на фа­зи­те за пла­ни­ра­ње. Тре­ба да поч­не да се пла­ни­ра­ат фа­зи­те ка­ко да се ре­шат ур­ба­нис­тич­ки­те проб­ле­ми на гра­дот, кои не ги има са­мо Скоп­је ту­ку си­те гра­до­ви во све­тот. Кај нас се не­ка­ко се пра­ви при­у­че­но. Има два-трој­ца про­фе­со­ри што се раз­би­ра­ат од тоа, но нив ни­кој не ги слу­ша. На крај, и да ре­ши не­кој да ги пос­лу­ша, нај­чес­то е дај неш­то на­бр­зи­на да нап­ра­ви­ме, и за­тоа е це­ло­сен ха­ос. Це­ла­та таа иг­ра ко­ја ја на­ре­ку­ва­ме ур­ба­ни­зам, во све­тот фун­кци­о­ни­ра мал­ку по­и­на­ку от­кол­ку кај нас“, ве­ли Мир­ков­ски.

Извор: Вест, 18.09.2009

ОкоБоли главаВицФото