На граѓаните им се најдраги реформите кои не влијаат директно на нив

11.02.2014 14:27
На граѓаните им се најдраги реформите кои не влијаат директно на нив

Скопје, 11 февруари 2014

Граѓаните се главно спремни да ги поддржат реформите кои влијаат на други луѓе, а не на нив лично, и колку повеќе реформите ги погодуваат, помалку се спремни да ги поддржат во разговори во кафеана или во расправии на Фејсбук, покажува најновото истражување на Институтот за проучување на реформските трендови во политиката, еконономијата и ставањето зимница од Скопје.

Околу 90% од граѓаните сметаат дека коренитите економски и политички реформи се добри за општеството, но само ако нивните последици не ги чувствуваат тие лично. Поддршка за реформите би дале дури 95% од испитаниците, доколку нивните негативни ефекти би го погодиле првиот комшија, додека реформите кои директно влијаат на нивниот надреден на работа ги поддржале 100% од граѓаните.

„Интересно е дека поддршката значајно опаѓа кога реформите се поблиску до испитаниците. Доколку, да речеме, со реформите се зафатени тетката или стрикото на испитаниците, поддршката опаѓа на 70%. Доколку нивните последици ги чувствуваат бабата или дедото, поддршката паѓа на 50%, а ако негативно се одразуваат на таткото или мајката, тогаш би ги поддржале само 13%. Во случаите кога реформите лошо влијаат на животот на самите испитаници, никој не ги поддржува“, вели Стојко Петров од Институтот.

Тој порачува дека повеќето граѓани веруваат дека реформите исто така можат да бидат добри ако веднаш им донесат некаква лична корист, но не заслужуваат поддршка доколку прво им го намалат животниот стандард, а потоа на подолг или среден рок донесат корист за целото општество.

Извор: www.njuz.net