1023 hPa
93 %
6 °C
Скопје - Пон, 02.12.2024 08:59
Во декември минатата година, маркетинг агенцијата Mother London во рамки на проектот „На Русија со љубов“ изработи повеќе модели на славната руска кукла Бабушка, со ликовите на британските геј икони Елтон Џон, Стивен Фрај, Џорџ Мајкл, Грим Нортон и Том Дејли, со цел да го сврти вниманието кон скандалозниот третман на хомосексуалноста во Русија.
Всушност, целта на Mother London е да укаже на хомофобијата која владее во Русија, каде хомосексуалноста официјално се квалификува како ментална болест од 1999 година, што овозможи институционално прогонување на невини луѓе, но и примитивно улично насилство на хулиганите и православните фанатици.
Кога го замолиле глумецот, писател и геј активист Стивен Фрај да ја потпише куклата чијашто аукциска продажба придонесе за создавање фонд за загрозените геј активисти и ЛГБТ популација во Русија, тој ја искористи можноста да проговори за ЛГБТ правата во Руската федерација.
„Има нешто болно и погрешно кај луѓето кои се опседнати со укинувањето на правата, слободата и среќата на ЛГБТ луѓето“, вели Фрај. Целата изјава може да ја погледнете во видеото подолу.
Извор: e-novine