Никој не може вечно да голта лаги и срања

12.02.2014 15:21
Никој не може вечно да голта лаги и срања

БиХ врие. Луѓето се незадоволни. Во што е проблемот? Во политиката или луѓето?

Проблемот е во сѐ, од Дејтон до политиката која покажува само неодговорност и коруптивност на речиси сите БиХ политичари. Кај луѓето проблемот e што ова не се случи порано туку се собираше и се страдаше многу години, последните неколку години ситуацијата стана неподнослива, па резултираше со ова што се случи во Тузла, а сега и во другите градови.

Медиумите и политичарите тврдат дека станува збор за инструментализиран напад на државните институции?

Тоа се глупости. Преку пријателите добро сум упатен во случувањата во Тузла, каде дојде до протест поради политичката неодговорност, криминалот, корупцијата... се случи чист бунт и револт. Таа приказна и обидите ова случување народ да се уништи со ставање национален или партиски предзнак би можела да се голтне во речиси сите градови освен во Тузла. Искрено, од остатокот на БиХ ми доаѓаат секакви информации, но ништо поврзано со инструментализиран напад, тоа се само зборови со кои сакаат да го обезвреднат сето ова. Не би ме чудело ако сега некој се обиде да го одвлече ова во некоја десетта приказна со некакви национални или партиски глупости, едноставно кај луѓето да се убие волјата и свеста дека се способни да се издигнат над националната реторика и воопшто, депресивната ситуација, дека можат да променат нешто, дека се способни и важни.

На хрватската и српската јавност им се подметнува приказната за „босанската револуција“ која не би требало да се однесува на останатите два конститутивни народи во БиХ?

Ова силно ги засега останатите два конститутивни народи, не мораат да го поддржат ова ниту да протестираат против своите измамници, но тоа ќе го направат кога-тогаш, во блиска иднина. Тоа е сигурно. Никој не може да голта лаги и срања вечно. Во Србија и Хрватска економската состојба и расположението на народот не се баш толку подобри. Имам многу пријатели Срби и Хрвати кои беа на протестите во Тузла и целата федерација од почетокот.

Соговорниците на Форум во Тузла се задоволни од фактот дека барем малку луѓе се појавија на протестите во Бања Лука и Бјелина. Колку БиХ е всушност држава?

Таа за сега е држава само географски, бидејќи многу луѓе кои живеат во неа не сакаат да бидат во заедница со другите два или со некој од народите. БиХ би се преродила ако само една година сите жители едноставно ја сметаат таа географска заедница за своја. Да речеме, јас сум Босанец а освен БиХ ја сметам и Хрватска за своја :) Тој националистички џокер во Екс ЈУ за жал и ден денес пали секаде, ние имавме војна па тоа лесно поминува, тоа е балкански криптонит. Каде и да го почувствувам тоа во зборовите на некој човек, слушам: ајде, јади гомна уште малку. Сѐ додека тоа поминува, нема да знаеме колкави се нашите дострели како општество. Тоа важи за сите земји од регионот.

Каде е иднината на БиХ како држава? Го поставувам прашањево во светлост на фактот дека освен - може да кажеме така - приглупите најави на високиот претставник на ОХР дека можеби би требало да се вклучи војската на ЕУ, ниедна од европските институции не реагира. Колку и што воопшто значи БиХ за Европа, која, како што вели хрватскиот премиер Милановиќ, молчела за неа сто години?

За жал, Европа не покажува голем интерес, сето тоа би можело да биде многу подобро од нивна страна. Сеедно, мислам дека сѐ е до нас. Секако, како општество мораме да напредуваме, а овие протести се фин чекор во таа насока.

Мислите ли дека идејата за директна демократија која сакаат да ја спроведат во Тузла може да успее?

За сега успева. Еве, во Тузла е воспоставен пленум на граѓани. Тој би требало да го олесни менувањето на власта, а тука се и годинешните избори, па сите заедно ќе бидеме сведоци како ќе заврши тоа. Се надевам најдобро.

И на крај, тупаница во глава или молк над лошата судбина?

Излези и барај ги своите права.

Извор: forum.tm

ОкоБоли главаВицФото