1035 hPa
80 %
0 °C
Скопје - Саб, 18.01.2025 07:59
Цел живот атер да се терало.
Да не скршиш ќеиф, да не
растуриш дружба.
На едниот му се пиело, другиот
сака да се раатиса од проблемите.
Не сум ни шанкер, ни психијатар –
им велиш а нив ич не им чуе.
Само уште една и си одиме – велат,
а ти си ја пееш Should I Stay or Should I Go,
и не си ни ваму, ни таму.
Педер си ако си одиш! – тоа им е најјако.
А ако не си отидам што ќе бидам?
Кретен, се разбира.
На едниот му се бендисала некоја,
другиот вели: седи, и Ќофте ќе дојде.
Нема крај.
А тебе ти се спие, ти се плаче.
Они утре ќе нанкаат до три попладне
а само ти треба да станеш во седум.
Ти растат ушите зашто знаеш
дека си намагарчен.
И на крај, кога веќе тргаш да си одиш,
смртно ти се лути,
и лутината ги држи сè до првата голтка.
Каде завршивме ноќеска? – е првото
што утредента ќе те прашаат.
Не знам за вас, јас не мрднав од дома –
им одговраш и ги откачуваш.
Зашто, кога они се будат, ти тонеш
во длабока дремка.
Слика: Вил Балас