Дарко Марковиќ: Скопје 2014 е Потемкиново село

13.02.2014 14:28

Интервју со популарниот карикатурист Дарко Марковиќ кој зборува за своите искуства во земјотресот, за учеството во бригадата која ги ископувала жртвите, за промените по катастрофата, за културата и културната политика во периодот на неговата младост и за драстичните промени во општеството кои настанаа како резултат на проектот Скопје 2014.

-Како бригадир ги видов сите маки што ги доживеа народот. Работевме на ископување на мртвите. Никогаш нема да заборавам едно семејство кое загина во една зграда, мајка и четири деца на еден мој колега , познатиот новинар Бане Ковач.

   
 -Земјотресот го доживеав како комплетна промена на градот, комплетно менување дури и на менталитетот на луѓето.

-Тогашните власти многу полагаа внимание на културата и медиумите. Сите области на културата беа на едно многу високо ниво. Немавме никакви комплекси да се натпреваруваме во Југославија но и пошироко во Европа.

-Ако земјотресот 1963 беше голем удар и катастрофа за Скопје како град, проектот Скопје 2014 и политиката што уследи со него е катастрофа од која настрадаа не само граѓаните на овој град, туку и сите жители на Македонија.

ОкоБоли главаВицФото