1020 hPa
68 %
18 °C
Скопје - Чет, 18.06.2026 06:59

Фесјбук најави дека освен машкиот и женскиот род, на корисниците ќе им понуди дополнителни 50 родови избори, кои ќе бидат прирдужени од соодветни лични заменки, а корисниците ќе можат да одредат и кој може да го види родот кој го одбрале.
„За некого можеби е тешко да ја разбере достапноста на избор на повеќе родови на интернет. Луѓето кои не се вклопуваат во строгите родови стереотипи можат да имаат комплексни идентитети кои исто така сакаат да ги изразат. Драго ни е што Фејсбук одлучи да им овозможи на многумина да го изразат своето автентично себство на интернет“, вели Мејсен Дејвис, извршен директор на Центарот за трансродово право.
Членкатана тимот на Фејсбук одговорен за воведувањето на опциите за избор на родови вели: „Во Фејсбук веруваме дека отворениот и поврзан свет на крајот може да создаде свет на толеранција и прифаќање. Оваа промена можеби се однесува само на мал број луѓе, но за нив, тоа е почеток на нешто што ќе направи голема разлика.“
„Многу луѓе се идентификуваат надминувајќи ги традиционалните родови дефиниции на машко и женско - за многумина од нас е важно да можеме да се идентификуваме како gendergueer, non-binary, gender fluid или како лице кое не припаѓа на ноту еден род“, вели Трејси Гарза, стажистка во Центарот за трансродово право.
Проширените родови избори за сега се достапни само на англиски јазик.
Извор: transgenderlawcenter.org