ЕВН им испрати сметки на бездомниците за уличното осветлување

15.02.2014 14:16
ЕВН им испрати сметки на бездомниците за уличното осветлување

Скопје, 15 февруари 2014

Од ЕВН апелираа до сите потрошувачи кои сѐ уште не ги подмириле јануарските сметки за струја да го направат тоа што побрзо, при што нема да бидат изземени ниту бездомниците на кои уредно им се испратени сметки за струјата потрошена за улично осветлување.

Светлана Ламбевска, директорка на ЕВН, вели дека струјата не е бесплатна и сите кои ја користат мораат и да платат за неа.

„Во зимските месеци ноќта паѓа порано од обично, па уличното осветлување работи подолго, така што сите кои живеат надвор, пред да се посомневаат во висината на пристигнатата сметка, треба да го имаат тоа предвид. За разлика од некои кои по цел ден се излежуваат надвор, нашите работници ги бараа бездомниците и лично им ги доставуваа сметките, иако некои од нив често ја менуваат адресата“, вели Ламбевска.

Таа признава дека имало и одредени грешки во пресметувањето на јануарската потрошувачка на електрична енергија, поради што поединци добиле повисоки сметки, но нагласува дека секој што се сомнева во износот на сметката може да се жали.

„Вистина е дека имаше зголемени сметки, иако кога станува збор за бездомниците, мора да се има предвид дека некои од нив не ги фаќа место, па тешко е да се утврди кој од нив користел некоја улична светилка или канделабра. Секој што сака може да се жали, но ве потсетуваме дека рокот за тоа е крајот на февруари, а потоа сите, па и бездомниците, се должни да ги платат своите сметки“, заклучува директорката на ЕВН.

Од ЕВН ги демантираа гласините дека во јануарските сметки на бездомниците влегло и осветлувањето на спомениците и објаснија дека тоа е редовна обврска на наследниците на лицата кои се овековечени во камен или брозна.

Извор: www.njuz.net