Точно

17.02.2014 10:40
Точно

НОРМАНДИЈА

Бункерите на брегот
не можат да се ослободат од бетонот свој.
Понекогаш доаѓа некој полумртов генерал
и пушкарниците ги гали.
Или доаѓаат туристи
за пет минути мачни-
Ветар, песок, хартија и урина:
Постојано инвазија.

ТРИ НЕДЕЛИ ПОДОЦНА

Кога се вратив од едно патување
и го отворив својот стан
на масата стоеше еден пепеларник,
што пропуштив да го испразнам. -
Такво нешто не може да се поправи.

КРАТОК СПОЈ

Во секоја соба и во кујната осветлував.
Соседите рекоа: празнична куќа.
Но јас бев сам со моето осветление,
сѐ додека не почна да мириса на
прегорени осигурувачи.

ТОЧНО

Еден спрат подолу
една млада жена
го тепа своето дете
на секој половина час.
Затоа
го продадов часовникот свој
и наполно ѝ се доверив
на строгата рака
под мене;
на изброените цигари
до мене;
моето време е регулирано.

Превод: Душан Томовски
Слика: Calvin Seibert

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото