Душа

20.02.2014 10:25
Душа

Оваа недела повторно ја слушнавме мантрата дека „ние имаме душа“.

Па, контекстуално читајќи го победничкото славје на Новак и изјавата дека „ние имаме душа“ би можеле да се запрашаме дали тоа значи дека другите ја немаат или дека нашата psyhe е вистинска, а на останатите...

Хомер ја изедначува со здивот и издишувањето. Нејзините први следбеници ја гледаат како најбледа сенка во вечната темнина на подземјето, онаа која, како Ахиловата, попрво би била роб на овој свет отколку крал во светот на сенките.

Хераклит рекол дека нема да ја најдеш границата на душата, макар и да ги обиколиш сите патишта, бидејќи толку длабоко е скриена нејзината мера.

Питагора тврдел дека неговата душа во нечие тело се борела под ѕидините на Троја, дека проживеала живот на ѕвер, стока, дури и на певец. На трезвените Грци таквите идеи им служеле за потсмев, додека оние другите не сметале дека е губење време да се размислува за постоењето и судбината на душата. Платон ќе развие цела теорија не само за бесмртност на душите туку и за нивното сортирање, награда или казнување врз основа на тоа дали претходниот живот го поминале на добар или лош начин - според критериумите на Платон, секако.

Една од тапиите на човековата душа и нејзината бесмртност - во рајот, пеколот или чистилиштето - ја зело на себе баш христијанството, т.е. неговите земски, црковни претставништва. А за да не биде лесно, и душата на новороденчињата ја оптоварило со прародителскиот грев, сѐ до Судниот ден.

Научниците различно се занимаваат со душата, од Фројдовото испитување на душата (психоанализа) до глобалниот психијатриски пазар на кој со душата тргува најважниот дел од развиеното човештво. Од друга страна, многу доктори се обиделе - ако веќе не можат изгледот и судбината - да ја одредат тежината на душата. Меѓу нив и д-р Савиќ, брат на оној претседател на САНУ Павле, поранешен шифрант на Тито. Во шеесеттите години од минатиот век луѓето на умирање ги мереше на вага. Ако не ме лаже сеќавањето, откри дека разликата во тежината на трупот и малку пред тоа живиот човек изнесува околу два грама. То ест, дека толку е тешка човечката душа. Дури и онаа големата, словенска.

Душата во новоговорот како да ја нема, а со нејзиното губење исчезнува и Аристотеловата megalopsychia, великодушност, и малодушност, и душевност, и душегрижнитво, губат смисла имињата Душан и Душанка... И сешто, душо моја.

Дали барем боговите имаат душа? Дефинитивно не. За што би им служела душата кога веќе се бесмртни? Бездушни се, и нема таков теолог кој ќе го докаже спротивното.

Извор: vreme.com
Слика: Рикардо Фернандез Ортега

Слични содржини

Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор

ОкоБоли главаВицФото