Швајцарија: да наречете некого „странска свиња“ не е расизам!

22.02.2014 10:26
Швајцарија: да на речете некого „странска свиња“ не е расизам!

Да наречете некого „странска свиња“ или „валкан азилант“ е навредливо, но не е спротивно на швајцарскиот закон против расизам, се наведува во вчерашната пресуда на највисоката судска инстанца на Швајцарија.

Сојузниот суд застана на страната на полицискиот службеник кој ги изговорил тие навреди при апсењето на еден Алжирец осомничен за кражба.

Инцидентот се случил во април 2007 година на саем во северниот град Базел, каде Алжирецот е уапсен поради наводна кражба на торбата на еден Русин. По проверката на личните документи на осомничениот, полицаецот открил дека станува збор за лице кое бара азил и продолжил да го навредува.

Полицаецот добил условна парична казна за кршење на антирасистичкиот закон на Швајцарија, но подоцна друг суд ја преиначил одлуката, па случајот дошол до врвот на швајцарскиот правосуден систем.

Судот наведува дека зборовите кои полицаецот ги упатил кон Алжирецот се навредливи, но не ги кршат антирасистичките прописи бидејќи можат да се сфатат премногу шриоко и не погодуваат одредена етничка група, раса или религија.

Во пресудата се истакнува дека ако наречете некого „валкан“, дури и ако ја споменете националноста на лицето, не е спротивно на антирасистичкиот закон.

Извор: The Guardian