На кец

24.02.2014 13:52
На кец

Некогаш се шишаа на нула, сега се шишаат на кец. И тоа пејачкиte. Се променија машинките на нуларицата и јазикот на секојдневието. Сега кецот го води орото.

Некогаш некому паѓаше кец на десетка, сега обратно: „Да ја имам Цеца Ражњатовиќ, би ми дошло како десетка на кец.“ Сѐ се врти околу кецот. Некогаш девојката требаше да се ќари, збари, скроти и намагнетира. Сега се муваат на кец. Некој фаќа женска на кец. Некои се капираат на кец. Се погледнуваат и тоа е тоа. Некои и се женат на кец.

Некој некого и ќе прејде на кец.

Кецот некогаш беше „застава 101“, лош, ама наш, опасна карта и единица на училиште. Сега кецот е мерило за успех.

Да се ќари кец, велат, значи да се направи нешто исклучително добро, ефектно. Замислете, сега, недоразбирање дома, кога детето ќе дојде, ќе ја фрли чантата од врата и ќе каже: „фатив кец во школо“.

Да направи нешто на кец може некој што не е премногу брзоплет, несмасен ниту безглав дрдорко. Тоа го може само снаодливиот, досетливиот, умешен човек.

Зборот доаѓа од младинскиот жаргон и значи одеднаш, од прва, без претходно размислување, веднаш, за час, од никаде, набрзина, на екс, за миг. Може да значи и нагло, неочекувано.

Можеби зборот доаѓа и од онаа претерана склоност кон игри на среќа. Дднаш го прашале Шабан Бајрамовиќ, незаменливиот цигански музички крал, дали некогаш бил разочаран во животот. Не разбрал веднаш што го прашале, а потоа се сетил: „Како не, играм кец, а испаѓа нула...“

Таа формуа која им годи на младите подложни на невротичното тежнеење кон среќа и ефектен обрт, подразбира блесок на интуицијата, работа на кликерот. Тоа го можат само луцидните луѓе со непредвидливи импулси и брзоплетите ебиветри кои не се ни видра ни кралот Милан на тенк.

Тој израз можеби зборува за нестрпливоста, брзоплетоста и непромисленоста која владее со духот на нашето време. Таа ги потиснува зборовите како се труди, се мае, се плетка, се занимава, настојува околу нешто или некој. Како сите да чекаат да падне нешто на кец.

Нема на секого да му успее кецот, ни да му падне секирата во мед. Еве, гледајте го ова сега...

Извор: vreme.com

Слични содржини

Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор

ОкоБоли главаВицФото