Ah, Paris!

14.12.2009 12:05
stjuardesa.jpg

Коце повторно јава! Иако требаше да помине некое време од сечењето на дрвјата на Илинденска, знаев дека ќе се јави со нова брилијантна идеја. Сака да му го врати духот на Скопје и, според него, најдобар начин тоа да се постигне е да се врати калдрмата на плоштадот. Главниот аргумент? „И во Париз има калдрма.“

Аргументацијата не е ништо поинаква од муабетот за скулптурите и црквата. И за нив се велеше дека ги имало по „светските метрополи“ па затоа требало да ги има и кај нас. Што мене од секогаш ме потсеќало на „Ако тој се џитне во Вардар и ти ќе скокнеш по него?“ Океј, супер е да се игра „Како први - тако други“ кога немаш оригинални идеи како да го разубавиш градот. Ако можат другите градови да ги имаат и никој да не се буни, зошто не и Скопје? Ама доволно е да се отвори некој весник за да се прочита како овој или оној рекол дека нема пари за ова или за она. Отворањето на „SOS продавници“ или снабдувањето на „народната кујна“ (читај: местото каде што се хранат оние што немаат пари ни за јадење) со т.н. новогодишно мени, барем мене ми кажува дека сеуште има луѓе што не можат да се „снајдат“ за преживување во државава.

Но, ајде да го тргнеме на страна фактот дека ваквиот подвиг скапо ќе ги чини даночните обврзници. Лично, сметам дека менувањето на калдрмата со оној мермер што го има сега беше грешка. Исто како што отстранувањето на околните (стари!) дрва помогна плоштадот во лето да биде мошне непријатно место за седење. Сметам дека плоштадот можеше да се разубави без премногу жртви (дрвата) и без да се фрлат премногу пари. Не се сеќавам баш најдобро, но и тогаш можно е да имаше сличен аргумент за менувањето на калдрмата. И сега доаѓа на сцена Коце и вели „Не е вака во Париз.“ Повторно нема идеја како да се разубави постоечкото решение. Мора да се смени сè од корен. Не е дека промената е лоша работа. Напротив. Ама зошто?

Аргументот „Има Париз, зошто не и ние?“ е смешен. Звучи како дете што видело дека другарчето има играчка па бара од мама и тато да му ја купат истата. Некаде се спомнуваше како Коце смета дека враќањето на калдрмата ќе му го вратело „духот“ на Скопје. Каков е тој дух што го имало Скопје и дали е изгубен со менувањето на калдрмата? Што е со новите зданија по Дебар маало, Црниче и Водно? Дали и нив ќе ги рушат и ќе ги враќаат старите куќи за да се врати духот на тие маала? Овој аргумент ме потсетува на идејата за рестартирање на часовникот на Старата железничка станица, затоа што ваков заглавен на моментот кога се случил земјотресот ги терал Скопјани да мислат дека времето во градот стои во место. (Да не е дел од идејата идната калдрма да биде музикална и да свири песни од македонскиот мелос?)

Ако сака да стори нешто позитивно за градот, нека го среди сообраќајниот метеж. Сигурен сум дека постојат покреативни начини за тоа од проширување на постоечките улици. Или нека направи јавниот превоз да биде поефикасен и попријатен за користење - за тоа не мора да оди во Париз, доволно е да скокне до Белград.

Има толку работи низ градов што треба да се средат што враќањето на „духот“ на Скопје е последното нешто на што треба да се мисли (на страна што мислам дека калдрмата на плоштадот нема врска со „духот“). И тоа со покреативен и позрел став од ова „Пу-пу, не важи!“ Зашто може некој да дојде и да каже „Пу за мене, пу за сите. Коце, пак мижиш ти.“

 Se nadevam deka ova glupava

 Se nadevam deka ova glupava ideja e samo eden proben balon koj brzo ke explodira i nema da zazivee. Dosta ni e od vakvi potroseni ideji.
Od druga strana ne sakam da pomisluvam idejata za vrakane na starata kocka vo plostadot e zbogatuvane. Se pokazalo i dokazalo deka najdobar nacin za korupcija, mito, finansirane na moknici i partija se pari koi se perat preku izvedba na razni gradezni raboti. No ne ne, ne veruvam deka do tamu ke odi Koce, mi izgleda malku popameten od eden obicen koruptiran tatko na gradot Skopje.

Pozdrav do avtorot na

Pozdrav do avtorot na tekstot. Ne razbiram za koj duh na Skopje kje im se raskazhuva na novite generacii shto kje doagajaat, ako nam ni se raskazhuva za stariot i toj ochaj po toa staro Skopje. Nie sme preoptereteni da vratime nekoj si "star duh" na Skopje, namesto da se nasochime da kreirame nov!!

Тротоарите и улиците се

Тротоарите и улиците се уништени.
Немаме јавни тоалети.
Нема корпи за отпадоци.
Цела една страна од кејот е во мрак, без осветлување и целосно запуштена.
Голем број улици се неосветлени.
Имаме објект од хорор филм (печатница Гоце Делчев).
Немаме детски игралишта.
..... (само некулкуте работи на кои во моментов се сетив, кои верувам сите заедно не се поскапи од калдрмата...)
а на нас ни е потребен некаков дух.
 

Многу е нејасно зошто

Многу е нејасно зошто градоначалникот Коце Трајановски има неодолива желба Скопје да го направи Париз. Не за друго, туку таа одамна му е остварена - нашиот главен град личи на Париз. Само не на денешниот, туку на оној од 15 век. Без основна инфраструктура, со септички јами што се излеваат по секој дожд, искршени улици и тротоари низ кои течат фекалии и исцедоци од ѓубре... А, и скопјани се како парижани. Шетаат по тесни валкани сокаци, со шамивче на носот, за полесно да ја поднесат смрдеата.

Слично на „просветлувањето“ кое му се случило на градот на светлината, Трајановски мината недела обзнани дека ќе ги исправа „грешките“ на своите претходници, дека не му е убав новиот плоштад кој го обнови Ристо Пенов и дека ќе бил поарен ако ја врати старата калдрма. Ако веќе решил да го враќа стариот дух на плоштадот со коцката, редно е да ги врати и „Кенан“, „Панта“, костените, чавките што правеа бербат, а и картонските кутии на кои се продаваа долна облека и чорапи. Тоа мора да го стори ако навистина сака верно го отслика и да го врати стариот дух на плоштадот.

Заедно со илјадниците градски проблеми, сентименталноста на Трајановски најдобро би било да заврши во некоја книга за старо Скопје. Да стануваше збор за неколку клупи со лош дизајн во некој парк или за криво насадено дрво, можеби и ќе добиеше аплауз, но кога му се сонило да исправа „грешка“ од три милиони евра, тогаш тоа е проблем за секој даночен обврзник. Од друга страна, тој дури и храбро и одважно, сега на цел глас извикува - пари има, важно е да го вратиме духот! Кои пари? Од каде? За шест месеци градскиот буџет со ребаланс беше намален за околу 30 милиони евра. Самиот Трајановски тогаш рече дека нема пари. И со тоа си обезбеди алиби за длабок летен и зимски сон. За в година ги одложи реконструкциите на Илинденска, Првомајска, Гологанов, кружниот тек кај Католичката црква. Се скратија пари за пожарникарски возила, за обнова на улици, за надвозници на Партизанска (каде што секој ден гинат пешаци), за Матка, за квалитетот на водата од Рашче, за реновирање на МКЦ, КИЦ, Музејот на град Скопје... Да не зборуваме за ветувањата за подземни сообраќајници.

Време е Трајановски да намине до плоштадот Македонија за да види дека старата гранитна коцка (што толку ја бендисал во Париз), е дел од него и се' уште постои во Скопје. Исто и во старите скопски маала. И да сфати дека проблем е што немаме париска култура за да се грижиме за нашето архитектонско наследство. А потоа кроце, рационално, да почне да ги реализира ветувањата и хроничните скопски проблеми.

„Скопје и Париз се слични поради Вардар и Сена“, рече тој пред некој месец. Но, таа изјава и не изгледа толку страшно. Пострашен е впечатокот дека првиот човек на Скопје ја крои визијата за градот „од нога“, додека си пие сок во некое европско кафуле, не знаејќи каде да ги смести своите лични хирови.

Јорданка Ивановска, „Дневник“, 14.12.09

Јавен превоз

Барем да ги провозат со автобус или метро ваквите делегации низ било кој европски град... Тоа би требало да биде задолжително за главниве на ЈСП, иако се сомневам дека ги користат услугите за кои се задолжени да ги раководат.
Ај ај, сега кога ќе почне да одат повеќе луѓе низ европа, не знам колку ќе издржат нашиве локални политичари со баење гачки за тоа колку ни било убаво.
Попатно, за дополнителна интеракција
 

Nebi mozel covekot da go znae

Nebi mozel covekot da go znae duhot na Skopje od porano, posto ne bil togas u Skopje. Uste pomalku bi znael deka Skopje ima nov duh, a i koga bi mozel da primeti ne bi mozel da sfati sto e toa. Nema dovolno iskustvo, nitu duhovni dozivuvanja od Skopje. Dali e hir ili smislena partiska varijanta za tepanje keshche-seedno...total DOWN.

Коце... Мислам човекот е,

Коце... Мислам човекот е, како да кажам, WOW. Го видел човекот Париз и сега Париз, па Париз. Видела жабата дека го потковуваат коњот па и она ја кренаа ногата. Или што викаат Србите: „кад се сељо покондури“.

Celava prikazna za vrakanjeto

Celava prikazna za vrakanjeto na kaldrmata me potsetuva na sindromot DAMNATIO MEMORIAE ili brisenje na memorijata, sindrom karakteristicen za novodojdenite ili "pobednicite" vrz prethodnicite/"pobedenite". Toa vo istoriska smisla znaci potpolno unistuvanje dela na dvizno i nedvizno kulturno naslededstvo na minati vladeteli/sozdavaci od nivnite naslednici, kako vo primerot za unistenite dela na egipetskiot kral Aekhnaton (no ne i na negoviot pecat na duhot koj go ostava vo sevkupnata egipetska kultura), mnogubrojnite rimski vladeteli, butanskite kralevi itn...
Mislam deka lugjeto od profilot na Trajanovski imaat tokmu takov frustraciski impuls (utvrden na nagon i kompleksi) da menuvaat neposredno post nivnite prethodnici bez i bilo kakva nuzna potreba tuku vo obid da "prepokrijat" nesto so koe nemozat da se identifikuvaat. Istorijata na gradot ne poznava kreiranje na slika na grad od dominatno licni vkusovi/naklonosti duri ni kaj najdespotski raspolozenite istoriski likovi koi patem bile carevi so visoki proviniencii, a ne kozari pri carot kako vo nasiov slucaj. Definitivno provincijalski manir na inferiornost odnosno da go izbrises "drugiot" preku  interculturen patchwork koj eventualno bi te opravdal i bi ti go objasnil ludiloto pred drugite, no i pred sebe si.    
Da, vide zabata konjot se potkovuva, pa resi i taa da se potkova... za zal zabata od nasata bara koja e voodusevena od Pariz nikogas ne videla nitu potoce, reka, more, a kamo li okean! 
P.S. Nabrojavte mnogu problemi na gradot pogore, jas kako zastitnik na bezdomnite zivotni koi najdirektno stradaat od besomucnite nalozi na t.n. gradski tatko (poslednite masovni truenja so jaki neurotoxini vo gradov) bi go dodala ete uste toj problem kon sevo ova.

 Аман луѓе, зар да бидам

 Аман луѓе, зар да бидам единствената која нема да плука по овој нов предлог. Значи жал ми е да го кажам она за што можеби некаде длабоко во нас сите сме свесни, но Македончето стварно знае само да кука  и "кења". Не сум политички ориентирана, и навистина во случајот не е битно кој предлага враќање на калдрмата, туку битен е самиот чин. Гревчето Македонче мора секогаш да има нешто по кое ќе може да плука, па во периодов ова се нашло, па ајде- навали народе. Да беше некоја друга иницијава, СИГУРНА СУМ дека пак ќе најдевте некоја замерка да изедете бурек. Просто сум вчудоневидена од имагинацијата на народов, и како во сè умее да најде негативна страна. БРАВО!!! И пак она типичното - немаме пари, немаме пари!!! Можеби немаме толку колку некоја друга европска метропола, но зар преферирате парите да отидат во провалија (да бидат украдени) и ние пак ништо да не видиме. Точно, има многу други нешта во кои треба да се инвестира, но колку и да се работи секогаш ќе има да се направи нешто плус. Сепак не можеме да очекуваме сè да биде одеднаш решено. А сигурна сум дека кога Коце го спомнал Париз, не мислел толку фанатично и опсесивно да ги споредува градовите и Скопје да го направи близнак на Париз. Не бидете циници!!!

 Agreed. Не знам зошто е

 Agreed. Не знам зошто е вревава толку, и јас се согласувам дека споменици не се баш некоја практично неопходна работа, ама штом веќе се нафатиле да градат (а во изминатите 50 години не бил поставен ни еден споменик), ја викам, што порано ги изградат, тоа подобро!
 
Зошто? Затоа што кога веќе ќе ги изградат, ќе мора парите да одат на други места, а тогаш ќе нема алиби како „култура“, „споменици“, „идентитет“, итн. Затоа, мои ближни циници, дај малце бидете каталист на Владава а не кочничари, оти што побрзо се тргнат оние трња од вашите очи (спомениците, калдрмите, реновирањата, реставрациите, обновувањата), толку подобро за вашиот вид (мислам на поглед, тука). По сите правила, тогаш, вашите очи не би требало да солзат од иритации (оти трњата ќе ги нема), ама јас многу многу не верувам во таа претпоставка, оти досега искуството покажало дека македонските циници не се позитивистички критички настроени, уку повеќе се солипсистички-хаотично растроени, што во слободен превод би му дошло као „Никогаш ништо не ми се допаѓа/Само јас знам најдобро како треба“. Таквите примери обично „славно“ завршуваат откако некој таков одреден циник ќе добие своевидна власт, по што задолжително си пука во нога („Дај му пушка и ќе му го видиш умот“).
 
Инаку тоа ти е, за некои луѓе едноставно цинизмот е животен стил, а не функција на јазикот. Уште само да потсетам дека иронијата и цинизмот како појави се паразитски настроени кон тој што ги употребува (а камо ли пак да ги живее), оти се како отров со две острици кој ултимативно, не ви решава ништо, туку само ве труе со гнев и незадоволство во умерени, но упорни, дози.
 
Дури и јас во својов коментар употребив цинизам, од кој веќе ми се гади...
 
Поздрав.

 Јас предлагам да го пратиме

 Јас предлагам да го пратиме Коцета во Амстердам да прошета малку човекот. 
Душане, во изминатите 50 години не е направено ништо велиш!!! Е Душане Душане, не мора да не потсетуваш сите дека историјата и географијата и архитектурата и се впрочем започна со Грујо, па го знаеме тоа. Велиш да не бидеме циници. Зар мислиш  со вакви лудаци  помага рационална дебата? Вуна напиша еднаш, на вакви предлози треба да се одговори со краен цинизам: значи на предлогот за споменици да се одговори со предлог за не еден, туку 100 споменици, не една црква и џамија на плоштад-20 цркви и џамии на плоштад итн. 

Тс, можете колку сакате да

Тс, можете колку сакате да претерувате и да предувувате летимични изјави од градоначалници и премиери и претседатели и све, али за среќа, поголемиот дел од народот е доволно интелигентен да разликува интимнви изјави од разумни компарации. Нешто што Окнобригадата е посебно талентирана да го меша (дали умислено или од проблематичен IQ, непознато). А Коце веројатно има видено многу појше него што ти некад си видел...
Второ, колку споменици се поставени во изминатите 50 години? Ај нека не се 50, стај ги 30? Што е реновирано? Што е изградено НОВО како инфраструктура и институција? Колку кровови паѓаа, ти имаш појма? Колку вредносна археологија се ископа, any ideas? Врска немавме на што газиме и врз што сереме и мочаме, али океј, тогаш било боље, океј...
 
Кога ги немавме и не се правеа тие работи, проблем беше што никој не ги градеше (добро се сеќавам на театарскиот мрак, барем таму од кај што сум, во времето на СДСМ, кои има пари за 500км автопат до Тетово, али немаа за по 100 евра за театарски глумец)! Сега кога се гради, обновува, и субвенционира (земјоделци, глумци, уметници, спортиски, итн., информирај се), сега пак ТОА Е ПРОБЛЕМ пошто пази мајката, тоа не било потребно! Два збора на ваквото резонирање: фак оф! Као девојка која сака да се ебе а нејќе да и’ влезе сте!
 
Натаму, ја нигде не спомнав Грујо, ти сам го спомнуваш. Може ти така си мислиш, потсвесно, а, дека Грујо е не знам кој кур таму? Ако е така, те молам поштеди ме. Грујо не започна никаква нова ера, ама почна да пушта по некоја пара во ресорите кои ни се влечеа како маларични кучиња на улица полни со болви. Може треба да прашаш некој глумец дали е задоволен од покачувањата што можеби ги добил? Некој просветен работник? Пензионер? Лекар? Знаете, можеше и без тоа. Ама ептен можеше. Али, верувам, според вашата извртена логика, тогаш ќе беше многу подобро, оти изгледа македонскиот циник гаи некоја садо-мазо љубов во однос на државата: што помалце државата обезбедува, тоа повеќе ја сакаат. Перверзија или глупост?
 
И ако населението гу уважило тие позитивни (какви такви) промени во државава, дајте научете да живеете со тоа! Секој си има свое мислење, и не, вашето не е поинтелигентното! 
 
Инаку да, велам да не бидете циници, и објаснив зошто, а ќе ви повторам и пак (повторувањето изгледа стварно е мајка на знаењето): 1) нема ништо така (со плукање) да остварите; 2) негативноста со која зрачите само ќе предизвика луѓето да ве замразат и вас и „каузата“; 3) сами себе ќе се издепримирате; 4) нема да придонесете ништо кон општеството, освен можеби 10 контракоментари на секоја ваква колумна (што треба да е добар репер за секој саглам портал за квалитетот на неговите содржини. Али, Окно is above us all); 5) цинизмот ви пренаивен и препровиден за да биде ефективен, силен или корисен. 
 
Друго, ако мислиш дека само лудаци би решиле да потпомагаат култура, уметност, економија, образование, земјоделие, здравство, а тоа да подразбира подновување на државата и со (конечно) дистинктивно промакедонски споменици (да не заборавиме дека имаме и многу проалбански и проСФРЈ споменици, thank you very much!), тогаш ти можеби имаш проблем, и има места во државава (институции) каде што можеш да се обратиш да си го решиш.
 
Вуна оти одговара 10 години со краен цинизам на се’ што ќе види, гледам, придонесе ох толку МНОГУ за сузбивање на „лудаците“ и за нашиот конечен спас од рунтавите семакедонци! Вуна и компанија ги бива само за нетолерантно цинично мрчење и плукање (а сепак прокламираат толеранција, но само кон „нивните“), кое одамна е демоде за општествата кои ценат малку повисоки форми на изразување и логична мисла (баш си мислам, што ќе се случи ако во Англија некој мазен англичанец би им рекол на 95% од англичаните дека се „рунтави сеангличани“ од кои му се повраќа само затоа што тие англичани мислат дека имаат историја подолга од 50 години?). Сосема сигурно, никој нема да го сфати ни малку сериозно. А тука проаѓаат маалски фраери ко Вуна кои од шо немаат приватни его-вентили мораат да избиваат на портали ко Окно, дирекс у окото на македонската јавност. Џизс факинг Крајст! Ако ова е најинтелигентното од Македонија, ју шуд би ашејмд! Или треба Окно да си најде малку подобри колумнисти. Ако не подобри, барем посозреани, што ги надминале акните, емо-имиџот и средношколската љубов.
 
Инаку, да, предлозите за 200 цркви и џамии, многу помогнаа во целава работа. Ќе се смеам, и тоа од срце, кога конечно ќе ја опнат црквата на плоштад, заедно со Ацета (ствари за кои реално не ме боли кур али зашто па да не се таму?!), а вие ќе мамлазите као, „Еј, па ние сме борци за слобода! Користевме врвен цинизам!“ Пресмешно! HILARIOUS! :D Материјал за Монти Пајтон сте! :D
 
Чао! Све најбоље! :D

 Душане, мајсторе, кој трип

 Душане, мајсторе, кој трип си кркал ти човече? Ни една реченица не ти е точна. Ти сигурно веруваш и дека 100.000 излезени луѓе(бројка која ја објавија властите) на ден на дрвото посадија 7.500.000 дрвца. За такви лудаци зборувам, кои а зиинат лажат. Знаеш ли пред 50 години каква била државата. Или мислиш дека производните гиганти и целата електро, патна, железничка и секаква инфраструктура е од турско, или од „бугарско“..а можеби и од „српско“. Не сакам да го величам претходниот систем, ама такво „цијашко“ изнесување невистини е во најмала рака дегутантно. Ајде да речеме дека колумнистиве на ОКНО не ги бива..што имаме од „другата страна“? Латас, Јанко, Миленко (Мирка не ја дирам, за такви ко тебе сигурно треба да е носител на 5 Пулицерови награди). О, Боже какви ли ве има...и со такви ко тебе велиш да комуницираме рационално??? 

Па видиш, јас со тебе немам

Па видиш, јас со тебе немам проблем барем да се обидам да комуницирам рационално.
 
А доколку ти веќе имаш проблем да комуницираш рационално со мене (или со сите оние нели, кои размислуваат поинаку од тебе, па според тоа, по автоматика сите се „психопати“), тогаш повели, не комуницирај рационално со мене, be my guest. Убеден сум, тоа многу повеќе кажува за тебе отколку за мене (кажува барем, дека слабо стоиш со аргументи, бидејќи оној што има аргументи никогаш не се повлекува од разумна комуникација.)
 
Можеби муабетов повеќе ќе ти држеше вода ако „ниедна од моите реченици“ ти седнеше да ја сецираш, да размислиш за истата и да понудиш контра-аргумент, но, по милионити пат, за такво нешто се нема капацитет, но капацитет се има за малоумно парирање од типот „кој трип си кркал ти чоече?“. Клаберсфо пар екселанс. I hope you're proud of yourself. ;)
 
Ај сеа, идете ранете дечиња, семејства, давајте поголеми плати, подобрувајте го животот на народов (наш напатен) со екстремен цинизам и со овакви, ултрапродуктивни колумни и „ста(п/в)ови“. Go! Make us proud and happy!

Не, сега ке одиме да

Не, сега ке одиме да прошетаме низ центар, по темни улици, да процапаме низ кал и искршени тротоари.

Туф туф, ќе си ги извалкате

Туф туф, ќе си ги извалкате чевлите во декември месец на дожд и снег, туф туф... :)
 
На тротоарот му е жал, веруј, што не е достоен за суштествата кои додека газат, плукаат по него. Оти тие суштества изгледа немаат мозок да им текне дека калта е од снегот и водата кои ги има секоја зима, пукнатите тротоари се од исто такви индивидуи кои откоа ќе се испијанат/надрогираат превртуваат канти за ѓубре и ритаат статуи, знаци и клупи (како пројава на нивната слобода на изразување - и уништување), а улиците во ниедна метропола не се вклучени цело време.
 
Тоа што во земјава има и села и градови кај што нема асфалтиран пат, тоа не е проблем. Проблем е што врне снег, дожд, и по улиците (нормално?) има кал.
 
Сочувствувам со вас. ;)
 
П.С. Сеа ќе идете вечер на журкава на плоштад. „Фирерот“ части. Страшно нешто. :D
 

Алал да му е на фирерот ваш

Алал да му е на фирерот ваш штом не части со „Чола“ бе, баш тоа му требаше на народот. А гледам рационалниот Душан ги спомна просветните работници, земјоделците кои биле среќни и задоволни од нашиов фирер. Да потсетам само кој ги тепаше просветните работница (буквално) и кој го угуши нивниот штрајк и кој ги излажа за колективниот договор. А за земјоделците, оди прашај ги оние земјоделци што не се со партиски книшки од ДПМНЕ какви субвенции добија. А за глумците, супер плати добиваат само треба малце да поглумат во преродбеничките спотови. Кој кур бе, платите се покачија ама и трошоците рипнаа, а со казни не дерат на секој чекор. Џандар се крие во секој џбуњ и едвај чека да казни некого зошто трепнал со левото око доека возел ебате. Да не зборам за блокирањето на 6 илјади приватни фирми затоа што должат пари, а тоа што на поголем дел од нив државата им должи и никој не и ја блокира сметката, тоа нема врска. Битно нешто да се праи бе, па макар и коцка, а тоа што Грујо се обидува да измисли топчеста коцка со тоа што ќе го дере народот за да го залаже со истите пари, тоа ми ти е нешто позитивно. Аферим на логиката драги мои преродбеници

 Кај си бе, А? Одамна не сме

 Кај си бе, А? Одамна не сме се виделе, како си, шо си? :)
 
Мој мил А, ајде со ред. На буквата на буквата А, имаме:
 
„Алал да му е на фирерот ваш штом не части со „Чола“ бе, баш тоа му требаше на народот.“
 
Па не беше само Чола. Си чул ти за Фетбој слим? И како уопште можеш да мрчиш ако некој ти го донесе Фетбој Слим за беспари? Еве и Чола нека е, пак ти паднал од небо. Рани куче да те лае работава.
 
„А гледам рационалниот Душан ги спомна просветните работници, земјоделците кои биле среќни и задоволни од нашиов фирер. Да потсетам само кој ги тепаше просветните работница (буквално) и кој го угуши нивниот штрајк и кој ги излажа за колективниот договор. “
 
Е кој ги тепал, каде и кога де? Имаш некој доказ, видео, ова она? А? Или пак си измислувате ствари? Штрајкови се гушат и од ’45 наваму, па не гледам како тогаш се буневте, нели? И Бране им ја пукна главата на Албанците нели, ама тогаш тоа све било демократски? И плус, сакаш да те пратам на антиглобализациски протест негде по ЕУ, да видиш како се јаде ќотек и како пржи солзавец у око, и како боли пендрек и како гори молотов коктел а? Look no further, иди си на јужна граница сеа, земи си 200 евра, бујрум фати у Атина малце да видиш што е ќотек при демонстрација и што е штрајк. Ако кај нас има гушења штрајкови, тепања, масовни апсења и закани, не знам тогаш што да рече иранскиот народ. А, да, со тоа темпо на насилство таму, иранскиот народ според вашите умни глави, досега не би можел да постои. Ова се вика: нашол та зашол. Или дај му прст, ќе ти ја земе цела рака. Може треба да ви се врати Бране, тек тогаш ќе видите високи плати, прогрес, и работа за барем 1 човек од секое семејство. Упс, тоа веќе го вети и ве излажа. :D
 
Следно:
„А за земјоделците, оди прашај ги оние земјоделци што не се со партиски книшки од ДПМНЕ какви субвенции добија.“
 
Не знам, какви субвенции добија шо велиш ти? Никој официјално никаде се нема пожалено дека добиле субвенции само членови. Тужел некој некаде? Не колку што знам. Значи пак измислуваш. Вечерва премиерот кажа дека голем дел не добивале субвенции бидејќи имале проблем со аплицирањето, и за таа цел сега биле оформени и тимови кои ќе нудат административна помош на лице место, кај земјоделецот дома. Претпоставувам и ова не ти чини? Може треба едноставно, да престанеме да мислиме дека имаме земјоделие и да го заборавиме, така? Ко што беше до пред 5-6 години. Су-пер.
Второ, дури и да е така, да земаат само оние со книшки на ДПМНЕ, си се запрашал ли ти: колку земјоделци имаат книшки на ДПМНЕ? Што правиме ако 80% од нив имаат книшки од ДПМНЕ, а? И тогаш ли немаат земјоделците пари? Или грев е да се има книшка од ДПМНЕ, дури и ако си чесен граѓанин? Информирај се малце, па ќе ти стане малку појасно колку земјоделци се обесправени само затоа што немаат книшки од ДПМНЕ. Проста математика е во прашање. Не боли. Мисли.
 
„А за глумците, супер плати добиваат само треба малце да поглумат во преродбеничките спотови. “
 
Лага.
 
„Кој кур бе, платите се покачија ама и трошоците рипнаа, а со казни не дерат на секој чекор. Џандар се крие во секој џбуњ и едвај чека да казни некого зошто трепнал со левото око доека возел ебате. “
 
Ааа зајко! :D А што мислиш бе мил мој А, како е на Запад а? Како е во (о толку опеваната) ЕУ? Таму цајканите што, си чепкаат у нос док ти минеш на црвено? Или таму пола литар млеко кошта помалце а? Кошта 5 пати повеќе, будало. Имаат само среќа да имаат поголеми плати. А ние преку ноќ не можеме да направиме силни плати, па ако сака и Господ да се симне да ни биде Премиер. Едноставно не бива од одма. За тоа се криви сите до сеа, и Бранко, и Бучко, и Хари, и ЉуБчо, и Грујо, сите до еден! Ама дај не биди луд дека платите ни се мали ради Грујо што бил премиер. Не сакам да верувам дека си толку наивен да мислиш дека ако утре дојде Бране или некој друг на власт, ти одма ќе имаш упола поевтини артикли у продавница и автоматски дупло поголема плата. Дај, те молам, не со тие камења! Економијата на државава, КАМО СРЕЌА ДА ЗАВИСЕШЕ до толкава мера од оној што е на кормилото. Ете ти го Грујо, ти дава изјави, извештаи, иди молим ти се прочитај и спореди со другите земји, кој како се снашол со кризиве економски. После, мрчи ако сакаш до 23ти век.
 
И тоа ти е, денес ќе плаќаме големи казни, се спремаме за свадба со курвана ЕУ. Тоа ти е... Знам, и ја до лани се смеев како е можно у Сингапур за плукање на улица да те казнат со 200 долари, ама тоа ти е. Жали се кај најрелевантниот по такви „виши“ судбински прашања, кај Господ.
 
„Да не зборам за блокирањето на 6 илјади приватни фирми затоа што должат пари, а тоа што на поголем дел од нив државата им должи и никој не и ја блокира сметката, тоа нема врска. “
 
Па голем кур па. Бре мајката, да не платат а? А кога бе брате мили ќе се стави РЕД у оваа држава а? Кога? Догодина? Ај да одложиме плаќање данок за у 2020-та, шо викаш? До тогаш, дај, државата ќе ни плаќа на сите по 200 евра минималец, па ќе тркаламе некако. А удре 2020-та, или сите плаќаме данокот, или сите бегаме у ЕУ, како глувци шо изглодале брод. Има да плаќаат по закон и пропис, па што сака нека биде. Ако можам јас, моите дома, моите блиски и сите што ги знам да си плаќаат даноци, струи, води, срања, и 300 други пички материни, можат и ебаните 6000 фирми. Ич не ми чуе, или сите сме еднакви пред законот, или никој не е еднаков. Се’ додека законот си го прави своето, ја сум задоволен. Кој е незадоволен нека го крши и добар му пат за Идризово, а кој е малце попаметен, ќе гледа лошиот закон да го смени. А засега, плаќање данок според мене, не е лош закон. Многу витален закон е. (И да те потсеќам ли дека данокот, Грујо ви го симна од 18% на 5%? Може боље ќе ви беше да останеше 18%.)
 
„Битно нешто да се праи бе, па макар и коцка, а тоа што Грујо се обидува да измисли топчеста коцка со тоа што ќе го дере народот за да го залаже со истите пари, тоа ми ти е нешто позитивно. Аферим на логиката драги мои преродбеници“
 
Битно е нешто да се праи, да. Боље него ништо да не се праи, со тоа ќе мора да се согласиш.
 
А за другово, немам коментар. Уморен сум од ирационалните полуинтелиентни циничко-арогантни конструкции од типот „Грујо + глагол + ______________.“ (вметни рандом злодело). До кога со тоа клише ја не знам. Како сами себе не си здосадивте...? Да му јадете ушите на Грујо више, ебате беља... :)

 Душане, за да се сецираат

 Душане, за да се сецираат твоите реченици се потребни километри. Ај ќе пробам само еден мал дел:
1. „Ако кај нас има гушења штрајкови, тепања, масовни апсења и закани, не знам тогаш што да рече иранскиот народ.“  Јака паралела нема што. Да те прашам нешто: до каде е „предметот“ за тепањето студенти од страна на вмровските хорди на плоштад? (сеа, ако се правиме наивни, ќе речеме дека нема докази дека тоа беа вмровци, туку спонтано собран народ, како што беа спонтани еу „студентските“ протести).
2.„И да те потсеќам ли дека данокот, Грујо ви го симна од 18% на 5%? Може боље ќе ви беше да останеше 18%.“
Лага. Точно е само дека на некои ставки е симнат данокот од 18% на 5%. И толку. Прашањето е, дали тие мерки доведоа до намалување на цените? Т.е. што фајда видоа од тоа граѓаните. Одговор је у шишу. Досега по повод овие „рекламни“ намалувања на даноци имаше десетици издржани експертски текстови, со бројки, за тоа како владата ем се фали како намалува %, а она што е битно, т.е. колку во маса прибира данок  е зголемено, информирај се подобро пред да трубиш нешто што не го разбираш. Да повторам, даночните оптоварувања во вкупна маса посебно за мали и средни претпријатија се ЗГОЛЕМЕНИ.
3. „ Или таму пола литар млеко кошта помалце а? Кошта 5 пати повеќе, будало. “ Иако е банално, сепак ми боде очи. Душане, прашај некого што живее во Германија на пр. ќе ти каже колку е литар млеко. 
4.„Битно е нешто да се праи, да. Боље него ништо да не се праи, со тоа ќе мора да се согласиш.“ Ама критички став! Не сакам да ги правдам претходниве, затоа ајде хипотетички да се согласам дека ништо не направиле (а не е така, доволно си интелигентен, впрочем, јас никаде не се потсмевав на твојата интелигенција, како што правиш ти, ама ајде), тезата дека „боље е било што да се прави“ е манипулација. Ајде сега, ќе раскопуваме плоштад и ќе ја враќаме старата калдрма, нели, боље било што да се прави. Погоре спомнав, а сега ќе те прашам: зар мислиш дека на денот на дрвото беа посадени 7.500.000 дрвца? Ај да се согласам дека тоа и не е лош проект, мада имам 100 замерки во поглед на организацијата, но зошто овие имаат потреба до толку да не лажат? Зошто не кажаа така како што е? Никој немаше да им земе за зло.  Компјутери за секој ученик! Знаеш ли за што служат компјутерите сега? И сите тие проекти чинат милиони Душане. Толку милиони да оваа држава не може да си дозволи такви екскурзии на умот. Тие екскурзии го покачија надворешниот долг на земјата од 1.500.000.000 евра во 2006, на 2.500.000.000 во 2009, и уште ќе се задолжуваме додека не папса државата. Тие долгови некоја следна влада ќе треба да ги враќа. Ете тоа е патриотизмот на сегашниве, да лишат од можност за развој десетици генерации по нив. 
Можам уште небулози од твоите коментари да „сецирам“ како што велиш, засега мислам дека е доста.
 

 Според мене,

  1.  Според мене, „тепањето“ на плоштад не беше тепање. Беше судир на две спротивставени групи со радикално спротивни мислења кои се судрија. Прегледај ги видео записите и сам заклучи дали тоа било тепање, потоа дали било брутално тепање, итн итн. Студент бев и јас, баш коа протестираа они, ама јас бев на друг протест (оној против промена на името на Македонија, вториот помалиот). Никој не пцуевме, не му ебевме мајка, не провоциравме со покажување среден прст, и замисли, никој не не’ истепа. Го запревме сообраќајот додуша и се расправавме со полицијата. Плус што немавме со нас бекап од типот на Милчин и пола СДСМ да не’ држи за рака. Епилогот? Се вратив дома, и на „Сител“ не’ нарекоа „толпа млади хулигани денес протестираа против промена на името на Република Македонија“. That's what we got. Не добивме шамари, ќелави типови од контра-протест не не’ избркаа од плоштад, ама ние бевме хулигани за целата Македонска јавност. Прашање: каде беа Героски, Гелевски, и сите сталинофили нас да ни го обелат образот? Да, бевме едно 300 души, пола бевме млади деца, пола дедовци, баби, ... Каде бевте да ни’ го обелите образот? Како што цела година плачете по медиуми за 20-30 студенти на градежен и 20-30 функционери и платеници на таа славна „тепачка“ на плоштад? Кај бевте бе борци за слобода? Знам кај бевте! Дома, штанцавте колумни во одбрана на Милчин, и антихристијанството (за кое не ме боли оној, али си играте со голем оган коа плукате на 2 милијарди народ на планетава!). Ете таму бевте. Пред компјутер, проектирајќи лично и политичко профитерство. Па јебига бе, на кој протест у светов не се поминува без 2-3 шлаканици? Плус не ги „тепаше“ нив Државата, ги „тепаше“ контрапротестот. Тоа е судир на 2 групи, а не тиранија на Државата спрема народот (а ако народот е Милчин со пудлицата до него, да му се плукнам на народот!). Народот беше хулиган, да ве потсетам. И тоа не мавнавме ни камен!
  2. Точно, данокот беше за многу работи симнат од 18% на 5%. Ова е лошо, претпоставувам? Зборуваме за намалување на данок, значи, како може да биде лошо? Имаш флат 18% данок, и после имаш од 18% на 5% за некои работи. И ова според тебе, не е добро? Ок. И ја сакам да биде данокот 2% за се’, ама ја ќе си ги задржам моите нерални очекувања у графата на која припаѓаат, а таа се вика: „нереални очекувања“. Второ, Државата е онаа која ги намалува „цените“ за храна, гориво, итн., или тоа треба да е слободниот пазар? Знаете што, ја искрено се надевам уште утре да влеземе у НАТО и ЕУ, па тек тогаш да видите што се високи цени и скап живот. Трето, немам ништо против зголемените давачки за приватните фирми итн. Зошто? Затоа што порано пола од нив работеа на црно. Затоа што ЕУ-интеграција (која сите многу ја сакаме) налага реформи во тој сектор и фискализација, и реформи на УЈП, и триста курци-палци. Така да, те советувам тие жалби да одиш во Брисел да ги обжалиш, ќе може така? Трето, Владата обезбеди кредити за помогнување на приватни бизниси. Кредитот е 5000 евра, со можност за здружување до 5 лица за еден кредит (значи до 25000 евра кредит). Мои пријатели употребија вакви кредити и се на добар пат да си започнат бизнис, каков-таков. Знаеш, медалот секогаш има 2 страни. Во иднина глеј ги и двете. И рекламите на Владата и онака вртат најчесто по МТВ, која веројатно не им ни наплаќа многу (а овие веројатно и’ даваат, пошто МТВ одамна е во банкрот, и заслужува малце економски инјекции). Инаку не се согласувам со сметките на МТВ, коа сме веќе на темава. Ни ги гледам ни сакам да им плаќам, ама ако законот налага, ќе се плати или сметка или казна. Четврто, зошто Опозиционериве не го дадат случајот со сметките на МТВ на Уставен суд?
  3. Литар млеко во Германија е поскапо од литар млеко во Македонија. Изнајмување стан во Германија = 3 пати поскапо од изнајмување стан во Македонија. Плаќање сметки во Германија = 3 пати поскапо од плаќање сметки во Македонија. Школарина во Германија = 3 пати поскапо од плаќање школарина во Македонија. Имам пријател кој од мал живее таму, и моментално пошто студира и работи у исто време, скрпува крај со крај. Да, и платите се повисоки, ама и храната е поскапа. Кога доаѓа тука, нормално, го купува пола супермаркет. Банални или не = тоа се факти. Зошто имаш проблем да уважиш дека е така?
  4. Не, на денот на дрвото не мислам дека биле посадени 7.500.000 дрвца, ама мислам дека биле посадени 1.000.000. Знаеш што? 1 милион дрвца е пак подобро од 0 дрвца. 50 статуи во Скопје е подобро од 0 статуи во Скопје. 200.000 компјутери е подобро од 0 компјутери. Калдрма е подобро од 0 калдрма. Покачени плати е подобро од непокачени плати. Кредити е подобро од никакви кредити. Субвенции е подобро од несубвенционирање. Став е подобро од безглавост. Правец е подобро од дезориентираност. Програма е подобро од немање програма. Реални ветувања (постепен развој) се подобри од нереални вработувања (по 1 член од секое семејство). Кој за што и како ќе ги користи сите тие придобивки е негова одговорност. На пример, за уништен компјутер добиен од државата се предвидени и санкции. Второ, според резултатите што ги прикажа Владава, моја проценка е дека се каде-каде подобри економисти од сите претходни Влади собрани на купче. Во времето на СДСМ, Гошев и Поповски штедеа ко да има нуклеарна зима на повидок. Источна Македонија (од каде што сум) не виде бел ден. До пред 5 години имавме социјалистички комбинати и задруги и маркетчиња по градовиве, возевме на коцка, ги искршивме колите. Штедење =/= економски раст. Фрлање пари ~ економски раст. Вложување пари во државата (па и да се садење дрвца, градење објекти, опремување на училиштата) = економски обрт, каков таков. Буџетот на државите не постои само за да се полни и да не се троши, постои и за да вложува, пред се’, во инфраструктурата, медицината, образованието, културата, итн. Од народот, за народот. Сеа јбг, не сме социјалистичка држава па Владата да дојде сите да не’ собере од дома и да не’ запосли. Ама мое мислење е дека оваа Влада, барем во споредба со претходните, направи сосема доволно чекори за економска поддршка на граѓаните и разни групи граѓани. На пример, просветарите, да, им ги вадат ѕрцките со обуки и реформи и свашта, ама добија и покачување на платите, а и компјутери на располагање. Матичните добија нов модел на работа, па сега на секого трудот му се вреднува поправично (ако имаш 2000 пациенти ќе имаш и поголема плата, ако имаш 300, ќе имаш помала). Како е тоа лошо? И пред да се охрабриш да ми одговориш, живеам со луѓе кои работат и во здравство и образование, и многу добро знам што изгубиле а што добиле, што вреднуваат а што не! А тие искуства се пресликуваат во фактот што народот кога излегува на избори, го спореди Фирерот Грујо со другите Фирери, и го избра Грујо. Не е дека нема зашто. Мое мислење. И на многу други.

 
Поздрав.

Жолта дуња зелен бор, чекам

Жолта дуња зелен бор, чекам бргу одговор:
(Прашањата ги постави денешен Дневник, да нема забуна.) 
 
l Чии бизнис-интереси штити со постојаното одложување на усогласувањето на домашното законодавство во енергетиката со директивите на ЕУ?

l Дали е задоволен од ефектот на министрите за странски инвестиции? Колку инвеститори донесе владата на Груевски во 2009 година? Ако оправдување е кризата, дали знае колку инвестиции за време на кризната 2009 влегоа во соседните земји?

l Дали ќе продолжи да ги троши народните пари за реклами по глобалните медиуми и за економски промотори без особени резултати, наместо претходно да ги реши клучните предуслови за странски инвестиции - влез во НАТО, преговори со ЕУ, независно судство, правна сигурност, елиминирање нелојална конкуренција и корупција?

l Дали кај премиерот никогаш не се јавил сомнеж како една иста фирма, патем маркетинг-агенција, победува на државни и на локални огласи за јавни набавки од украсување плоштади, преку шиење маици, па се' до набавување панцири?

l Каде е луксузниот хотел зад „Рамстор“, кој требаше да биде готов до есенва? 

l Колку вкупно пари досега се потрошени за проектот „Компјутер за секое дете“? Колку вкупно компјутери се набавени, каде се и зошто децата во голем број училишта се' уште немаат компјутер пред себе?

l Зошто владата одлучи најфреквентните патарини да ги даде под концесија, без обврска на концесионерот да ги изгради и одржува и патиштата?

l Зошто и покрај заложбите за мала и ефикасна администрација дозволи нови вработувања со што државниот апарат се искачи на бројки највисоки во историјата, што тој го претставува како намалување на невработеноста?

l Зошто наместо сеопфатна политика на меѓуетничка интеграција, води политика на дневно гаснење пожари со ад-хок средби со коалицискиот партнер? 

l За концентрацијата на целата власт во негови раце и фактот дека сам одлучува за многу работи, Груевски неодамна рече дека „не смета оти е автократ, туку добар менаџер“ бидејќи „премиерот е должен да ги следи проектите“. Дали не мисли дека со ова тврдење си го урива митот дека е добар економист? Економската наука за успешен менаџер го смета тој што ќе постави успешни и способни луѓе во секторите на компанијата, а не тој што има директна контрола над сите проекти.

l Горд ли е кога ја гледа или слуша МРТ? Така ли треба да изгледа јавен сервис во земја-кандидатка за членство во ЕУ?

l Дали знае дека додека им зборуваше на Миленко и на Јанко за милионски инвестиции во здравството и тоа се' уште во најава, болните во велешката болница, на пример, буквално се смрзнуваа?

l Дали казнувањето по секоја цена на граѓаните и на фирмите е за да го полни полупразниот буџет? Само со една вечерна прошетка, на пример, по скопскиот булевар Партизански одреди ќе ја увиди селективноста со која се прави тоа.

l Зошто молчи за инсистирањето на бугарската влада декларацијата за добрососедство од 1999 година во најскоро време да прерасне во договор за што официјална Софија му доставила и предлог-документ? Македонската јавност не чула ни збор за ова од својот премиер.

l Како се случи Бугарија од земја со безрезервна поддршка за евроатлантските интеграции на Македонија да стане земја со условена поддршка?

l Ја разбира ли пораката од тоа што српските екскурзијанти на чело со српскиот вицепремиер Ѓелиќ во Брисел ги дочекаа Оли Рен и Билстром, во Рим - Франко Фратини, а нашите во Париз добија ниво - портпарол на МНР?

l Зошто нема ниту обид да се постигне внатрешно единство за да се засили македонската позиција во преговорите за името?

l Зошто за името дава интервјуа само кај тие што се декларираа како „чувари на уставното име“, а одбива дебата со тие што се залагаат за компромис?

l Дали партијата или Владата на кој било начин ги финансираат институтите и кампањите за напуштање на преговорите? Која е вистинската политика на ВМРО-ДПМНЕ - таа што затскриено ги помага протестите пред зградата на ЕУ или таа што организира прослави за визната либерализација?

l Дали на обвинувањата што ги шири неговата партија дека новинари зеле пари за да застапуваат грчки ставови за името, по аналогија може да се каже дека и државното водство што ја уништи македонската позиција во корист на Грција, ги изгуби симпатиите и статусот на жртва во спорот и направи од готово - вересија со приемот во НАТО под привременото име, зело пари за тоа?

l Каква полза има Македонија од внатрешната констатација дека Грција не сака да се реши спорот? Како планира да ги разобличи во меѓународни рамки ригидните грчки позиции и да ги врати симпатиите на наша страна?

l Што се случи со битките за правата на децата-бегалци од Егејска Македонија? Дали писмата и најавите за адвокатска помош беа само маркетинг за домашни политички поени? ...
 

- На домашните енергетски

- На домашните енергетски фирми.
- Да. Тешка година во цел свет не па за FDI.
- Претпоставувам ќе намали, бидејќи целта ќе биде постигната наскоро, односно некои што не заслужуваат и ја злоупотребуваат медиумската моќ ќе бидат симнати од тронот.
- КБР? На тоа мислиш, на војната во Ирак?
- Ги чекаат керамидите што треба да слетаат на аеродромот што го прави ТАВ.
- Речиси сите каде што има струја имаат и компјутери. Незванично, мислам дека беше превиден проблемот со струјата. Да ме прашаа ќе им кажев :)
- Така мислат дека треба. Некој друг да не има искуство во ова? Нема, ок.
- Прашај ги тие што го притискаат 24 часа. Да се е*е ама да не му влезе, т.е. ем да ја намали администрацијата ем да ја управичи застапеноста. Додуша, за 25% од „албанските“ места не се борат 12,5% мажи и 12,5% жени, па сега ќе ни се расипе и половата застапеност...
- Навикнат е од минатото, ама колку толку се поправа...
- Нема директна контрола. Ама има директно реферирање. Не ми изгледа како микроменаџер.
- И тоа ќе се поправи. Скитаа, лутаа, тераат на подобро.
- Не верувам дека знае било што за здравството. Можеби мајка му знае, работела цел живот во Градска болница во Скопје.
- Кога мене ми прости полицаецот што сум свртел полукружно на Партизанска кај Соборна на пешачкиот, не ме праша за партија, туку дали ќе ми се повтори. Белата коса и двете детски седишта мислам дека го убедија да не ме казнува.
- Што има лошо ако декларација која ја поддржуваме ќе стане договор? Криеме нешто позади? Или Бугарите?
- Да не се лажеме - Бугарија никогаш не давала безрезервна поддршка. Иако н`е нарекуваат помал брат, н`е третираат како љубовница што не ги сака. И да, сега, после 15 години додека бевме подобри од нив дочекаа да н`е шишнат, па сега гледаат сеири.
- Да, ние сме лошите што не потпишуваме предавство. Они се добрите што го шитнаа Косово. 1999-та ни љубеа нозе кога ги пуштивме да ја нападнат Србија преку Македонија.
- Какво внатрешно единство треба да се постигне за лудиот притисок од Грција? Ете го единството - “Е*ете се сите у Грчка влада“. За луд проблем не може да има единство. „Дали сте Македонија да лансира екипаж на Марс под привремената референца?“ е тотална лудост како што се и ѓоа преговорите.
- Нема компромис. Компромис е на пола пат. Ако прво ти украдат с`е, после е компромис да ти вратат пола од тоа? Ма дај...
- Недокажано. Најверојатно процуриле некои од 130-те грчки милиони долари на погрешна страна.
- Повторно глупости. Каква жртва, каков спор. Абе Грците не преговараат со нас, ние не постоиме за нив. Папуљас нејќе да н`е види. Бакојани, Друцас као киша око Крагујевца кружат. Сте ја утнале за ова ептен.
- Нема полза, тоа е вистината. Еве сега јас ќе констатирам дека Грција сака да го реши спорот со Северна Македонија. Само тоа е погрешна адреса. Ова е Македонија, без Северна. Грчките позиции се веќе секому јасни, симпатиите беа на наша страна додека бевме важни како пат за окупација на Србија. Сега? Па сега останува судски да си ги побараме симпатиите на наша страна. Во МСП и ООН.
- Мислам дека ни се врзани рацете со промената на Уставот од 1994-та ли беше, и со Времената Спогодба. Затоа ако не забележуваш, македонското сонце го снема од СИТЕ државни институции и прослави и цедиња и сл. И што ќе им е адвокатска помош кога нема надеж? Истиот проблем го имаат Германците во Полска, Чешка, Италијани со Словенија, речиси секои две земји во ЕУ имаат такви проблеми. Решавањето е исклучително долг процес. И правата ги имаат. Само не во Грција, во Македонија. Што е сепак голема помош на нашите сонародници.

 1. „Според мене,

 1. „Според мене, „тепањето“ на плоштад не беше тепање. Беше судир на две спротивставени групи со радикално спротивни мислења кои се судрија“..треба да се срамиш поради ова.
2.„Имаш флат 18% данок, и после имаш од 18% на 5% за некои работи“..НЕТОЧНО.  Пак ќе ти кажам, информирај се подобро, веќе не ти реплицирам на ова.
3. „Не, на денот на дрвото не мислам дека биле посадени 7.500.000 дрвца, ама мислам дека биле посадени 1.000.000. Знаеш што? 1 милион дрвца е пак подобро од 0 дрвца. 50 статуи во Скопје еподобро од 0 статуи во Скопје. 200.000 компјутери е подоброод 0 компјутери. Калдрма е подобро од 0 калдрма.“..пак ќе те прашам, кој ќе ги враќа кредитите по 10% и повеќе каматни стапки за овие „проекти“? Економија е управување со ресурсите на најефикасен начин. Значи, за издржана дебата по ова прашање мора да имаш критички став. 
4. Јас работам во приватна фирма. Не до пред 5 години, до пред 3 години ако нивото на работа го земам као 100%, сега работиме со 20%. Преродбата не прероди ептен. Не си глуп, знам дека гледаш..знаеш ли колку работници  се отпуштија 2009, колку текстилни фабрики се затворија, метална индустрија и сл..светска криза ок. (Свед милк е пред или по светската криза, ај потсети ме) Кажи ми една, една антикризна мерка што даде резултат. Знаеш ли која беше главната антикризна мерка. Ефтини кредити за фирмите, пола од светска банка ( а можеби беа од друг извор, не ме држи за збор и можеби не беа пола, ама беа некакви ефтини кредити). Знаеш ли колку фирми до сега ги ползуваа тие кредити? Да ти кажам? Нула. Компир. 
И дај излези од таа шема на постојано повторување, вмровците направиле све, овие другите ништо не направиле. Тие прикаски у штабот раскажувајте си ги.
Закрвени сме едни со други како никогаш досега, лов на вештерки секој ден, рекет од страна на инспекциите врз невмровски фирми секој ден..и..напорна ми стана дебатава да ти кажам. А мислам дека сами на себе си реплицираме без никој да не чита..така да помалце глупо се осеќам.
Поздрав..без иронија.
 

Кирил, знам дека скоро веќе

Кирил, знам дека скоро веќе никој не не’ чита. Ај со ред:
 
1. Не се срамам ни малку. И ќе објаснам зошто. Не ги тепаше полицијата. Би се срамел доколку кога беше натпреварот Македонија - Русија (фудбалот), отидев на трибината кај што беа Русите, и им викав „Ебете си мајката, Америка форевр, Мадр Раша да го пуши!“ и ако, природно, овие тргнаа да ме тепаат. Е тогаш ќе се срамев што децава добија по некој шамар и ги спобркаа оние другите, оти како безумен навивач кој бил претепан, ќе бев слеп за ризикот и политичките местенки на тој настан (кој патем се одржа на сред избори, со Милчин и пудлицата како неми набљудувачи).
 
Епа, пошто немам навика да си ја ставам главата во торба така непромислено (можеа, и тоа како можеа, подобро да размислат и да се оградат од работите), и пошто не сакам да бидам употребен за предизборни партиски цели, и пошто немам навика да бидам политички кондом, не, не се срамам.
 
Си бев јас на друг протест (со чија цел повеќе се согласував). Имам право да не се согласувам со групата на плоштад. Имам право да не ми е гајле за црква или џамија. И не ми е. Ја би ги стаил и двете. И овците на број, и волкот сит. Ако се убави, уште подобро.
 
Друго, здраворазумски, реално гледано, не можеш да очекуваш да немаш отпор од никој кога јавно одиш и скандираш против некоја популарна промена на плоштад. Човек секогаш треба да биде свесен во што се впушта, и да ги предвиди можните последици. Оној што треба да ги заштити е полицијата. Протестот не беше пријавен. Полицијата одлучи да не интервенира жестоко при судирот.
 
Зошто? Оти полицијата кога реагира, реагира со кордони, реагира жестоко, и тоа се вика crowd control. Знаете што ќе се случеше ако реагираше полицијата (против и двата, пак да нагласам, непријавени протеста)? Ќе се случеа најмалце 50 повредени и исто толку приведени. Оти полицијата во такви „судири“ не смее да биде пристрасна, туку да го приведува секој оној што повикува или иницира насилство. А такви имаше (ич не сумњам) и на двете страни. Видов средни прсти од децава. Видов пцуења од другиве. И тоа, полицијата може насилно да го приведе ако треба, за да превенира поголем судир. И сега, ми велиш дека полицијата требаше да истрела солзавец на толпите и масовно да апси и да пендречи, да крши черепи, само за некој да не добие шамар? Нонсенс. Плус, не го пријавиле протестот во полиција. Која легална помош тогаш (според уставот гледано), им следува? Затоа и тој инцидент не се повтори (сега секој пријавува протест на време).
 
2. Не е точно дека данокот паднал на 5% за некои работи? Барем за компјутерите падна (знам оти користев ваучер за компјутери). Како е тоа сега неточно? Реков дека данокот паднал за некои артикли, не за СИТЕ. Читај ме попрецизно. Ако е неточно, исправи ме.
 
3. Ќе ги плати тој што треба. Тоа е работа на Владата, не е моја работа. Според Владата, тоа нема да биде проблем. Јас не сум економист, па му верувам на тимот што го имаат. Да бев, ќе располагав со повеќе информации и ќе бев или уште поубеден во тоа, или ќе бев критички наостроен. Како неекономист, можам само да им верувам (како и на секоја друга Влада, пред или по ДПМНЕ). Пак ќе речам, да оставиме времето да покаже. Можеби сметаат дека годишниот раст може да поднесе отплата на тие кредити и задолжености.
 
4. Колку што јас вака наивно знам (пошто стварно економија не ме интересира, не сум таков тип на човек), Владата се задолжуваше внатрешно (од НБМ), а не од ММФ или од Светска банка. Како и да е, можеби грешам, ама еве, јас ти посочив примери на луѓе кои ги познавам кои користеа дел од кредитите. Зошто другите не ги користат, и како ги користат, навистина не знам, а и не е мое да знам. А ти да работиш во Завод за статистика, па да ти верувам. Ама штознам кај работиш. Може и само на тепка си нафрлаш работи. Можеби не.
 
Нејсе, како и да е, мислам дека можеш да се воздржиш од етикети и таков тон. Ја на никој тука не му реков да си иде у штабот, на никој не му реков Кировци, Душановци и Дамовци. Како што спомна Киро, дај малце упристојте си го тонот. Чисто како вака, општокултурна придобивка, како олеснувач на комуникацијата, како доказ за декларативната борба за толеранција, почит, итн.
 
И никој не рече дека претходните не правеле ништо, само реков дека не направија ништо од она што направија овие (работите што ги набројав во претходните коментари, да не се повторувам).
 
Ако „сме“ закрвени (кои и да сме ние тие што се закрвени), ја сакам да се открвиме што побрзо и работам на случајов. Ја смирив и топката у последните коментари, се воздржувам од иронии, цинизам итн.
 
И јас веќе еднаш спомнав дека и јас не се согласувам со некои работи на Владава, знаеш, не е дека само слепо климам глава, не сум толку глуп. Само не сум секој ден 100% скептик (животот ме научи да не бидам, дека нема фајде ни причина секој ден да развивам 100% параноја, и уосталом, медицински е докажано дека оптимизмот е поздрав од песимизмот).
 
Да не ја перпетуираме нашава „преписка“. Се надевам дека ќе биде подобро и за твојата фирма и за многу други работи во државава. Владава, ако не успее да го испорача ветеното и ако придонесе за поголемо влошување на состојбиве во државава, биди сигурен, ќе биде сменета на избори. Јебига, кој што си заслужил, тоа ќе срка, без разлика од која партија е. Ама реков, да почекаме и да видиме како ќе биде. Не сме видовити. Бар ја не сум. Еве Груевски неќна најави опоравување на економијата во 2010. На тоа може само да му се верува или да не му се верува. А не можеме да знаеме пред да дојде 2010 година.
 
Разликата меѓу „нас“ и „вас“, или меѓу мене и тебе, е што ти си песимистот, а јас оптимистот. И двајцата може да научиме по нешто еден од друг. That's the circle of life.
 
Поздрав.

Душан, грдо беше што стоеше

Душан, грдо беше што стоеше полицијата. Едноставно мораше да ги раздвои групите, а не пред нивни очи да летаат боксови. Нормално, ако први најавиле протест, го закажале, си имаат право на тоа. Другите исто имаат право на протест, ама не на местото каде што веќе е закажано. Е сега, можеби имаше ниет во понатамошните случувања околу тоа, ама 100% знам дека при првиот студентски протест с`е беше наивно и лекомислено - „излегуваме да протестираме против нови објекти на плоштадот“. И тие што ги водеа студентите (сепак е тоа нивна одговорност) беа шокирани од случувањата, пред очите на нашата полиција да се случува тоа што се случи.
На овој не бев, ама верувај, од 1991-ва година (докај 2001-ва) речиси немаше протест против БЦ/СДСМ што не сум бил, па не се осмелија да пуштат од нивните да н`е тепаат, а полицијата си ја вршела работата увек.

Alright, I agree, али зашто

Alright, I agree, али зашто се одигра така како што се одигра, појма немам, можам само да претпоставувам... Битно е повторно да не ни се случи (без разлика кој од чија страна е застанат). Што и да кажам друго ќе биде излишно.

 Добро било на ФБС :)

 Добро било на ФБС :) Зошто никој не коментира?

Затоа што добрата вест не е

Затоа што добрата вест не е вест.

 Душан, get yourself a кичма.

 Душан, get yourself a кичма.

Get yourself some courage,

Get yourself some courage, some домашно воспитување, and an identity. ;)

Не паднал Чола од небо

Не паднал Чола од небо Душане, сме го платиле јас и ти. Ниеден функционер не плаќа ништо од свои џеб. Тоа што кај нас сме навикнати никој ништо да не прави, па кога ќе се направи било што, макар и глупост, да паѓаме во несвест тоа е друго. Друго, нешто кога веќе зборуваме за животот и за стандардите, морам да кажам дека на ситните претприемачи кои имаат мали приватни фирми со по 1,2,3 вработени никогаш не им било потешко. За таксистите исто така е многу заебано. Добро е само за вмровската државна администрација. управување токму по социјалистички модел.

 Како што плаќавме, плаќаме,

 Како што плаќавме, плаќаме, и ќе платиме за се’ друго кое Државата се дрзнала да го прави. Ја со тоа немам проблем, оти секоја држава функционира на тој принцип (парите од данокот ги употребува како што определила). Ако ова му се допаѓа на народот и цени дека е добро, повторно ја гласаат таа влада; ако не му се допаѓа тоа на народот, народот ја казнува таа влада и избира нова. На крајот на мандатот на овие, ќе се одржат избори и народот ќе си одлучи како што ќе си одлучи.
 
А за другото, се’ во ред, го почитувам тоа мислење, ама тоа ако е заебано за време на владеење на ВМРО, не значи дека тоа немало да биде заебано доколку не биле ВМРО на власт (прочитај горе што спомнав, за ЕУ интеграцијата, законите, бенчмарковите итн.). Фискализација и регистрирање такси компании е процес кој мора да се спроведе. Пазарите, исто. HACCP исто. И сега, народов ем сака во ЕУ, ем мрчи за реформите кои се нужен предуслов за во ЕУ.
 
Ние можеме до утре да маваме и дрва и камења по Груевски, ама ќе биде интересно ако следниот што ќе дојде работи исто вака, или дури и полошо (чисто сумњам, ако утре, на пример СДСМ дојде на власт, дека ќе ги укине сите „јареми“ за прибирање данок и глоба. Поверојатно е дека задоволно ќе затријат со рачињата). Можеби идната влада ќе работи и подобро, еве, не велам не. Ама да оставиме времето да покаже, така?

Не беше државна прославата.

Не беше државна прославата. Инаку сме платиле од трошењето пари за интернет и мобилни. Нејсе, тоа што н`е навикнаа 15 години ништо да не се прави им се крши од глава на СДСМ што денес можат да сонуваат да се вратат на власт. И никад нема да се вратат. Само преку еден да го снема... И тогаш е прашање. Бидејќи парализата во владеењето ти овозможува да не правиш грешки. Ама и ништо да не правиш. Вака, бум трас, сељачкото, едно згреши друго поправи, миц по миц, ќе биде нешто... Рачунај само дека баш овој муабет е дури сега можен, случајно или не, интернетот рипна до 100% присутност во последните 2-3 години, така? Што фати БЦСМ тоа му се исуши, таква рака има чоекот, чудо едно, чудо едно. Кога дојде никој од старите да не му остане во екипа, може да се праша за што го бива. Извини, Шема и Савова се нови затоа што кога он почнуеше да ја растура државата, они не беа ни пионери... Дури и Глигоров поправа линија држи од него, а знаеме што треба за одење по права линија.

(не викам сега да одиме назад по него па секоја грешка да му ја броиме, ама за да не почне броењето, време му е да се пензионира некаде на топло и да држи предавања за транзицииииииииииииииијата за која што е несомнен специјалист)

Луѓе се’ во ред со

Луѓе се’ во ред со расправава, убаво, се’ размена на ставови, мислења, по некоја навреда. Али на една работа би ви укажал. Бидејќи гледам дека активно се впуштате во дебата, верувам дека сте добронамерни. До Киро и Душан се однесува ова. Ако некој зборува против Грујо и остала компанија, тоа не значи дека Бранко им је добар, или дека се’ за грците. Јеби га, целата власт у свои раце ја има човекот, ако нешто не чини по него ќе плукаме, не може Јосип Броз или Глигоров или Бранко да бидат криви за тоа што полиција казнуе на секој чекор, а инспектори влегујат во фирми не со намера да предупредат и да подобрат, туку со намера да ЗЕМАТ пари. А, од тие пари луѓето живеат. Како што оние кои лепеле плакати за ДПМНЕ и СДС биле вработени и сакаат да зимат плати и да ги школујат децата, така и оние шо имаат приватни фирми и поштено си го заработујат лебот сакаат да живеат и да им биде убаво. Према тоа малку почит за оние кои дерман немаат од казни и пријави за да може некој да го донесе Чола или да гради споменик.

Другар, прочитај нагоре ама

Другар, прочитај нагоре ама се’ да прочиташ, и тоа по ред, па на пример ќе дознаеш дека Чола не е донесен со државни пари туку со приватни, и мал милион други работи ќе дознаеш, кои сега вака ти сметаат. И зошто па некој да не плати казна ако прави прекршок, ич не ми е јасно. Порано кукавме дека немало закони и не се спроведувале, сега има масовна кукажа дека имало многу закони и многу строго ги спроведувале... Немам зборови веќе за темава.
 
А најнормално е да не се согласуваме, и секој да има свое мислење, ама гледај ги и двете страни ако сакаш да бидеш објективен, па процени кој повеќе етикетира, жигосува, прозива, и прави ретардиран, психопат или нешто. Твое е да си процениш, имаш доволно материјал.
 
Иначе мене ми сметаат цигари стварно (доста ми е од насолзени очи и пушници за викенд), и иако во последно време ги сожалував и се трудев да ги разберам пушачите (пола население на Македонија), ми пукна филмот после последното излегување во град и бројните конференции и замарања на ТВ, така да ја искрено се надевам дека ќе си го добијат по џебот и ќе си платат за личниот им каприц, хир, зависност, или што и да е веќе. У најмала рака е негрижа ако не за себе, барем за тој до тебе, така да, еве им повод за размислување.
 
И ако веќе некој пали цигара, учтиво е и човечки барем да ги праша тие околу него дали ќе им смета. Ај, поздрав, излишно ми е веќе да објаснувам.
 
И во посакувам среќни и весели празници на сите коментатори и колумнисти! Без иронија. :)
 
Поздрав.

Анонимус, батали муабетот

Анонимус, батали муабетот дека кога е некој на власт треба за све да се плука. Не е точно. Give credit where credit is due. Ако некој заслужил, плукај, но ако не е, немој вака со сила да бараме нешто колку да се плука.

Значи, партиската поделеност нема место тука. А вчера у сендвичара почна муабетот со тоа дека цајканите казни пишуваат пред Лептокарија на пешачкиот, а заврши со тоа дека од Лептокарија до Влае за неполна година двајца што ги знам и уште две деца загинаа од брзо возење. Нека се плаќаат казни с`е додека ова е демократија. Ако па го менуваме уредувањето во анархија, кажете со време да купам калашников за да делам правда...

Навистина ги оправдувам казните (инаку некаде околу 0,3% од буџетот на државата) особено за сообраќајните прекршоци. За фирмите не сум запознат, освен ако не пријавиш ДДВ па ќе ти стигне околу 5.000 евра да платиш ;)

Патем, со години наназад се градеа споменици од буџетот (не од 0,3% казни) па сега ти смета? Или тоа што 20 години не се градеа? Или сега што овие сакаат да надоместат што сите споменици се од словенскиот период па сакаат и од другите? Џабе плукање каде што не му е местото.

Ако сакаш стварно нешто да најдеш, потруди се повеќе...

ОкоБоли главаВицФото